дома блог страница 1941

“Европски” Прилеп (Фото)

Кај поранешниот хотел “Липа”

Eвропски Прилеп….

Во недела литиja во чecт на Cв. Климент Oxpидcки низ yлиците на Kpyшево

Покана од храмот Св. Никола во Крушево

Благочестиви христијани, на 08.08.2021 година, недела, во 17:00 часот во храмот „Свети Никола“ ќе се отслужи Вечерна богослужба во спомен на патронот на нашата Македонска Православна Црква – ОА, Свети Климент Охридски.

После Вечерната богослужба, со неговите мошти, ќе се одржи свечена Литија по улиците на градот Крушево.

Затоа Ве покануваме благочестиви христијани, да се поклониме на моштите на нашиот патрон и заштитник на целиот наш Македонски народ, светиот Климент Охридски!

Литијата ќе започне од храмот „Свети Никола“ и ќе се одвива по главната училица на нашиот град и повторно враќање при храмот – информираат од храмот Св. Никола од Крушево.

Не грижете се! Од Владата соопштија: “Премиерот е на одмор, но е во постојана комуникација со надлежните”

Премиерот, Зоран Заев, е на годишен одмор, но е во постојана комуникација со надлежните во врска со пожapите, велат од Владата.

„Премиерот Зоран Заев користи денови од годишниот одмор до 12 август, а е во постојана телефонска и интернет координација со сите ресорни министерства и надлежни институции“, се наведува во соопштението.

Од Владата информираат дека во периодот од 3 до 12 август дел од членовите на Владата ќе искористат денови од годишен одмор, а дел од министрите нема да користат одмор во овој период со цел да се обезбеди и теренска и канцелариска координација на активностите.

„Владата секојдневно ги извршува сите свои функции, а согласно состојбата со пожарите министрите секојдневно заседаваат и одржуваат седници преку онлајн видео конференциска врска и навремено и непречено ги носат сите потребни одлуки. Согласно меѓусебна координација, дел од министрите нема да користат денови од годишен одмор во овој период, а со цел да се обезбеди и теренска и канцелариска координација на активностите секогаш и секаде каде што тоа е потребно“, велат од Владата.

А по сето ова можеме да заклучиме дека се работело за некоја добра “Last Minutе” понуда која не смеело да се пропушти, или пак премиерот имал уплатено за одмор од февруари за да ја искористи пониската цена. Како и да е, неговата способност да управува со држава што гори од плажите во соседството, е навистина воодушевувачка.

Мицкocки: Гpaдоначалници делат пакети од MTCП кои ce дел од пpoгpaмата на Cветcка Банка

Крикна Бислимовски и регулаторна, поскапувањето на дизелот и бензините не било пљачка, тоа било почитување на закон. Каква анти логика, цената на нафтата на берзите се зголемува и наместо да ја намалат акцизата да им помогнат на граѓаните и стопанството, Владата и регулаторна одлучуваат да “почитуваат” закон и да ја зголемат акцизата за дополнителни 2 денари за литар плус данок на додадена вредност. Пљачка во услови на тешка економска криза, стои во статусот на Фејсбук на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него овие два денари завршуваат општини предводени од СДСМ.

-Во двете општини актуелни функционери на СДСМ и градоначалници делат пакети од министерството за труд и социјала. Пакетите се полни со средства за лична хигиена и се дел од програмата и заемот од Светска банка. Очекувам деновиве жестока реакција од Светска банка, бидејќи не сакам да верувам дека свесно се мешаат во внатрешните работи на Македонија. Светска банка е злоупотребена од функционери на власта во политичка кампања за локалните избори. Исто така очекувам жестока реакција од меѓународната заедница, канцеларијата на ЕУ на овој бесрамен поткуп, бидејќи ако сега на почеток не се спречи тогаш тоа ќе подразбира премолчена поддршка. За последиците од овие настани ќе бидат сите одговорни, а доколку не се спречат, тие ќе бидат големи, посочува Мицкоски и апелира:

-Нашата иднина да заврши со еден украден пакет поделен од функционерите на СДСМ со намера за поткуп. Земете се што ви даваат, тоа е ваше, од нив украдено, но запомнете ги тие луѓе, тоа се луѓето кои се дел од оваа наша реалност последниве 4 години. Можеме и заслужувате многу повеќе. За помалку од 3 месеци вие одлучувате во каква држава сакате да живеете. Затоа повторувам, да не дозволиме нашата иднина да заврши заедно со пакетите за поткуп!, се вели во статусот на Мицкоски.

Koнкypc за 18 нови во ЈП за ПУП Прилеп, а тие за плата не можат да coбepaт?

Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање при општина Прилеп, објави оглас за вработување на 18 лица.

Иако претпријатието го следеа потешкотии при исплаќањето на плати за вработените, од пред два дена е активен оглас за ангажирање на вкупно 18 лица за 5 работни места.

Се бараат: двајца просторни проектанти, раководител на возен парк, осум возачи на автобус, диспечер во патен сообраќај и шест работници за на паркинг.

Огласот е активен до 08.08.2021 година, а основните плати за работните места се следни:

Просторен проектант 26,122 денари, раководител на возен парк 19,027 денари, возач на автобус 18,239 денари, диспечер во патен сообраќај 19,027 денари, работник на паркинг 16,662 денари основна плата.

Се yмopиja од “cpaботеното”, па заминaa на плажа додека дpжавата гopи (Фото)

Македонија гopи, но гopaт и социјалните мрежи откако на Твитер се појави фотографија од премиерот Зоран Заев на плажа, а фотографии се појави и од министерот за правда Бојан Маричиќ кој ужива на плажа.

„Село гори баба се чешла“ е коментарот на Твитер кој стои како опис на двете фотографии имајќи ги во предвид големиот број на активни пожари во Македонија кои досега однесоа еден живот, уништија големи пространства шума, но и имот на граѓаните.

Во периодот од 3 до 12 август дел од членовите на Владата ќе искористат денови од годишен одмор, соопшти преку „Фејсбук“ Владата.

Владата секојдневно ги извршува сите свои функции, а согласно состојбата со пожарите министрите секојдневно заседаваат и одржуваат седници преку онлајн видео конференциска врска и навремено и непречено ги носат сите потребни одлуки. Согласно меѓусебна координација, дел од министрите нема да користат денови од годишен одмор во овој период, а со цел да се обезбеди и теренска и канцелариска координација на активностите секогаш и секаде каде што тоа е потребно, пишуваат оттаму.

Додаваат дека овие денови теренската координација е обезбедена од страна на првиот вицепремиер Артан Груби, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за земјоделство Арjанит Хоџа, министерот и заменик министерот за информатичко општество и администрација Шакири и Бајдевски, министерката и заменик министерот за образование Царовска и Шабани, заменик министерот за внатрешни работи Буши, заменичката министерка за животна средина Оџаклиеска, заменикот министер за труд и социјала Енвер Хусин, заменикот министер за здравство Илир Хасани, заменик министерот за правда Нухиу.

Премиерот Зоран Заев користи денови од годишниот одмор до 12 август, а е во постојана телефонска и интернет координација со сите ресорни министерства и надлежни институции, се вели во фејсбук-статусот на Владата.

Ваквото однесување на претставниците на власта во овие моменти тешки моменти за држава предизвика огромен гнев кај граѓаните кои се подогодени од корона кризата финансиски и здравствено, а сега капак на се се огромните пожари кои ја зафатија Македонија.

Македонија се соочува со катастрофа, загрозени се села и градови, горат илјадници хектари шуми, загрозени се животи и имоти на граѓаните, а Заев и министрите се на одмор, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ во свое сопштение.

Од опозицијата го критикуваат и Петре Шилегов кој според нивните информации исто така го користи својот одмор кога во скопско имаше 18 активни пожари, а 3 беа посериозни. Веќе неколку дена во јавност се нема појавено ниту Оливер Спасовски.

СДСМ со загриженост го следи развојот на настаните со пожарите кои зафатија голем дел од територијата на државата. Станува збор за катастрофа од големи размери, во која за жал има и човечки жртви, предизвикана е голема материјална штета и сериозно нарушување на природните ресурси. Во вакви сложени услови ја искажуваме нашата поддршка на сите надлежни институции на централно и локално ниво кои се справуваат со пожарите, пишува во партиското соопштение.

„Системот функционира, државата е тука за граѓаните, бргу се организира и веќе е воспоставена контрола на постоечките жаришта. Обезбедена е и меѓународна поддршка со чија помош ќе успееме полесно да се справиме со овој предизвик, велат од СДСМ.

Уапceн пpилепчанец ocoмничен за подметнyвање пожap во пpилепcко Дабница

Полицијата утринава околу 06.15 часот во м.в.Дабница, прилепдско, во близина на споменикот го лишила од слобода е М.Е. (34) од Прилеп.

Лицето, информира МВР, е уапсено поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар на место викано Дабница.

Пожарот утрово е локализиран од страна на противпожарната единица од Прилеп. М.Е. е задржан во полициска станица и против него ќе следи кривична пријава до ОЈО Прилеп.

11 пpилепчани ocтанaa без кpoв над глава, а општината сними спот со диско музика од настанот (Видео)

Четирите социјално-загрозени семејства кои со години живеат во т.н. “бугарски” бараки во прилепската населба Варош, во претпладневните часови останаа без кров на главата.

Пожapникарите и жителите во последен момент спасуваа човечки животи од огнот. Cпaceни се две неподвижни лица, а меѓу несреќните има и три деца од кои едно седумесечно бебе. Сите се во добра состојба.

Речиси два часа над 10 пожарникари со неколку возила го гаснеа пожapот кој бил пријавен околу 10:30 часот.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски заедно со претседателот на урбаната заедница Дарко Филипоски ги посетија семејствата и најави помош.

И сето тоа добро, дај Боже и цели куќи да им изградат на луѓето, но да објавиш вакво видео со “дупцис дупцис” музика за 4 опожарени куќи и луѓе кои се обидувале да спасат жива глава, кои плачат што загубиле се’ што печалеле во животот….. навистина е морбидно.

Видеото е објавено на официјалниот јутјуб канал и веб страната на општината:

Пожapoт слезе на патот кај Плетвар, cooбpaќајот беше во пpeкин – општината бара воздушна интepвенциja

Пожарите во прилепско се една од трите најкритични точки во моментов низ Македонија, соопштија денеска на прес-конференција директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов и неговите соработници. Тие велат дека засега не може да се каже точната бројка на пожарите во земјава, зашто се менува од минута во минута.

Предмалку, огнот се прошири и до патот кај превојот Плетвар, кој беше затворен за сообраќај.

Од ЦУК соопштија дека на терен моментно се околу 300 војници од Армијата. Дејствуваат три хеликоптери од Србија, а вкупно се четири на располагање, три за гасење и еден за извидување. Од Бугарија се дојдени 25 пожарникари со 11 возила, од Словенија 40 пожарникари со 16 возила и од Австрија се очекуваат 120 пожарникари со 40 возила. Австриската извидница е веќе кај Пехчево, Берово, Делчево, во пијанечкиот регион, каде бугарските служби дејствуваат. Се бара поддршка и со воздухоплови, но секаде има пожари.

Сопиште побарало 50 војници за гасење на пожарот, а Куманово 80. Таму за неполн час избувнале седум пожари.

“Во општина Прилеп, пожарот во атарот на с.Ракле – с.Никодин – с.Топлица е активен со јак интензитет. Од с.Ракле евакуирани се две неподвижни стари лица и префрлени во својот дом во Прилеп. Интервенцијата ја спроведе екипа од МВР ПС Прилеп со возило на ПС Прилеп.

Во с.Ракле останати се уште 5 лица од месно население, а интервенираат 7 од ТППЕ Прилеп и 10 лица од месно население.

Пожар на потегот Дрен – Смолани (опш.Прилеп) со кој гори сува трева, смрека, чолија и лисната постелка е со јак интензитет. На истиот локалитет има и еден приземен пожар на м.в.Мањов Дол, каде гори нискостеблеста дабова шума.
Интервенираат 3 пожарникари на ТППЕ Прилеп и 2 лица од месно население, како и 7 работници на ШС Црн Бор Прилеп.
На пожарите повлечени се припадниците на АРСМ.

За во 18:30 часот свикан е кризниот штаб на ЕЛС Прилеп, а од страна на градоначалникот на ЕЛС Прилеп добиено е и барање за воздушна и армиска подршка.

ТППЕ Прилеп известува дека во 15:50 часот интервенираат на запалена сува трева кај с.Тополчани”, информираат од ЦУК.

Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Градско, кој поради пожар кај местото Топлица беше во прекин, од 19:30 часот е нормализиран во двата правци – велат од АМСМ.

A1oн: Иcт cyдиja двапати му вepyва на cведокот Hинџа, кoj твpди дека cлyчajно се затекнува на нacтани каде никој не го видел

И покрај сомневањата дали ја говори вистината, судијата Илија Трпков му поверува на сведокот Александар Василевски-Нинџа во случајот за организаторите на 27 април. Ова е втор предмет кој го суди Трпков, а каде сведочи Василевски-Нинџа по предлог на Обвинителството, за докажување на за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев што се случи во Скопје. Но, Апелација за овој предмет двапати ја укина пресудата, пишува орталот А1Он.

Седум години подоцна, Василевски Нинџа се појави и како единствен сведок кој видел како Миле Јанакиески и Спиро Ристовски издавале наредби на пратениците од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ на 27 април. Заедничко за двата случаи е што судијата Трпков му верува, но и дека никој не го видел Василевски-Нинџа во критичните моменти за кој сведочеше, ниту тој имаше докази со кои можеше да потврди дека бил на местата каде тврдеше дека биле присутни обвинетите.

Нема докази ниту сведоци дека Василевски-Нинџа бил во ВМРО-ДПМНЕ во моментите кога се случи упадот во Собранието.

Повеќе прочитајте на А1Он.