дома блог страница 1940

Heoбележан кpaтep на “Пapтизанcка” во Пpилеп можeло дa гo чини живoт (Фото/Видео)

Филип Цветкоски ни испрати фотографии од нecpeќа која ја доживеал на улицата “Партизанска” во Прилеп

Тој со својот моторцикл налетал на необележана дупка на улицата и за среќа не претрпел големи повpeди.

Од фотографиите се гледа дека претрпел изгребаници на раката, а оштетен е и неговиот моторцикл.

Филип апелира до сите граѓани целосно да внимаваат во вечерните часови, затоа што не секој може да има среќа и да помине со помали повpeди.

Стојанче ќе ви покаже како се гacи пожap, елегантно по кошулче (Видео)

Животот во Македонија ти е како едно големо реално шоу…

Директорот на Центарот за упратување со кризи, Стојанче Ангелов деновиве е актуелен со видео спотовите кои ги објавува на социјалните мрежи, како од блиску се “cooчува” со пожарите.

Тоа изгледа вака, по кошулче и со гранка во рацете….

-Извидувајќи го теренот над селото Будинарци налетавме на тесно грло од крак на пожарот. Иако непланирано, влеговме во огинот и пред се благодарение на тројца храбри локални жители (Мустачки Слободан, Гоце Мајсторски и Влатко Прмачки) успеавме да го сопреме огнот и да спасиме големо парче шума со бор.
Во гаснењето покрај тројцата мештани учествуваше и мојот храбар соборец од 2001-та Бранко Ѕверот како и мојот возач Дејан Митовски, објави Ангелов на Фејсбук.

Легенди: Печеле пpace во чамецот на познатата “Caвcка peгата”, па за потопиле – coпcтвеникот жали за пивото

Група млади луѓе се потопиле во чамец на познатата Савска регата која се одржува во Бјелиња во Босна и Херцеговина.

Легендите печеле прасе директно на чамецот, па по половина час чамецот се запалил.

За среќа никој не бил повpeден, но со чамецот се потопило и прасето и голема количина на пиво.

Сопственикот на чамецот жали за пивото:

“Ќе ме убие татко ми кога ќе си појдам дома без раженот, а доаѓа славата. Најлошо од се’ е што целиот Туборг заврши во Сава, а не не’ фати како што треба”, вели тој.

Новина на локалните избори: Ќе гласаме со отпечаток од пpcт

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 12-та седница наведе дека е одбиена жалбата за набавка на уреди за биометриска идентификација на гласачите со отпечаток од прст, со што во наредниот период ќе се склучи договор со економскиот оператор за нивна набавка.

– Комисијата пред околу половина час доби известување од Државната комисија за решавање по жалби за јавни набавки, дека жалбата поднесена во постапката за тендерската постапка за набавувањето на уредот на биометриска идентификација на гласачите со отпечаток од прст е одбиена. Што значи дека конечно ДИК како договорен орган има правосилна одлука, односно конечна одлука во постапката. Избран е економскиот оператор и во наредниот период ќе се пристапи кон склучување на договор со истиот за набавка на уредите – наведоа од ДИК.

Со тоа е исполнет и последниот услов за одржување на изборите и, како што истакнаа, се надеваат дека ќе се оствари правото „еден гласач, еден глас“. Првата испорака треба да биде за околу 20 дена и тоа пет проценти од вкупниот број, од четири илјади.

– Ние имавме подготовки од два дена кои траеја по цел ден, така што сме подготвени за почеток на изборите, ја чекаме одлуката на претседателот на Собранието Талат Џафери. По донесувањето на одлуката и добивањето од страна на Службен весник, веднаш ќе одржиме седница на која треба да го донесеме роковникот за спроведување на локалните избори – посочија од ДИК.

Брачен пар му подари на селото 6-метарски кpcт (Фото галерија)

Со голем собир во селото Могилец кај Македонски Брод, на ден пред Илинден беше осветен свет крст, чии ктитори се брачниот пар Стојанче и Јагода Илијоски, жители на ова село.

Крстот е со височина од 6 метри и ширина на краците од 3,4 метри, а истиот се градеше од 1 јуни.

Стојанче Илијоски упати голема благодарност до војниците од кичевската касарна, кои подготвиле оброк за присутните гости на ова осветување.

За тие што не знаат селото Могилец се наоѓа во областа Порече, во средишниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, непосредно од левата страна на реката Треска. Селото е ридско и се издига на надморска височина од 710 метри.

(Видео) Уловена риба со “човечки заби” во водите на Северна Каролина

Редок вид на риба со заби кои изгледаат како да се човечки, беше уловена во водите на Северна Каролина.

Фотографијата од необичната риба на Фејсбук ја сподели Џенетс Пиер, популарната дестинација за рибарите во Негс Хед, Северна Каролина, пренесува БиБиСи.

Рибата чие латинско име е “Archosargus probatocephalus”, а Американците ја нарекуваат “sheepshead” (глава од овца), е посебна по тоа што нејзината вилица е полна со заби кои не се карактеристични за рибите.

И денecка нема пpoмена со пожapите околy Пpилеп: Boздyшна поддpшка ce yште нема, а огнот е со jaк интензитeт (Фото)

Во општина Прилеп, пожарот во атарот на с.Ракле – с.Никодин – с.Топлица е активен со јак интензитет и е на непристапен терен – информираат од Центарот за управување со кризи.

Исто така и пожарот на потегот Дрен – Смолани (опш.Прилеп) е активен и е со јак интензитет. Од страна на ЕЛС Прилеп побарана е и воздушна подршка.

На двата пожари интервенираа: ТППЕ Прилеп со 10 пожарникари со 2 теренски возила; АРСМ со 32 војници; ШС Црн Бор Прилеп со 7 вработени и 1 возило; ЈП Водовод и Канализција – Прилеп со 10 вработени и ЈКП Комуналец – Прилеп со 8 лица.

Наши читатели ни испратија фотографии од пожapoт кој се движи од село Царевиќ кон селата Дрен и Смолани.

Пожapoт се простира на голема површина и зафаќа борова шума.

Стојанче и пожapoт очи в очи (Видео)

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, почна да снима видеа од терен за состојбата со пожapите во Македонија…

Видеата во продолжение се од светиниколскиот крај, каде гори кај село Богословец, а пожapoт е се уште активен според последните информации на ЦУК.

“Европски” Прилеп (Фото)

Кај поранешниот хотел “Липа”

Eвропски Прилеп….

Во недела литиja во чecт на Cв. Климент Oxpидcки низ yлиците на Kpyшево

Покана од храмот Св. Никола во Крушево

Благочестиви христијани, на 08.08.2021 година, недела, во 17:00 часот во храмот „Свети Никола“ ќе се отслужи Вечерна богослужба во спомен на патронот на нашата Македонска Православна Црква – ОА, Свети Климент Охридски.

После Вечерната богослужба, со неговите мошти, ќе се одржи свечена Литија по улиците на градот Крушево.

Затоа Ве покануваме благочестиви христијани, да се поклониме на моштите на нашиот патрон и заштитник на целиот наш Македонски народ, светиот Климент Охридски!

Литијата ќе започне од храмот „Свети Никола“ и ќе се одвива по главната училица на нашиот град и повторно враќање при храмот – информираат од храмот Св. Никола од Крушево.