дома блог страница 185

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ГЕНЕРАЛЕН СПОНЗОР НА „ТАНЦ ФЕСТ 2026“

Видеолотарија Касинос Австрија со особено задоволство објавува дека е генерален спонзор на „Танц Фест 2026“. Оваа година фестивалот ја носи уметноста на повеќе сцени, во два града, Скопје и Битола, во периодот од 18 април до 5 мај 2026 година.

Од своето основање во 2005 година, „Танц Фест“ ја гради и афирмира сцената на современиот танц во Македонија. Создаден и уметнички воден од меѓународно реномираната кореографка Рисима Рисимкин, а организиран од Интерарт Културниот Центар, фестивалот претставува прв и најдолговечен интернационален фестивал од ваков вид во земјата.

Свеченото отворање на 22-то издание на „Танц Фест Скопје“ ќе се одржи на 18 април 2026 година, со почеток во 20 часот, во Македонскиот народен театар. Гала вечерта ќе биде предводена од ѕвездата на Париската опера, Роксан Стојанов, во придружба на врвни уметници и млади таленти. Во рамки на настанот ќе бидат прогласени и победниците на Националниот натпревар „Роксан Стојанов“, награда чиј покровител е претседателката Гордана Силјановска-Давкова.

Од Интерарт Културниот Центар упатуваат искрена благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за довербата и поддршката: „Со поддршката од Видеолотарија Касинос Австрија, фестивалот добива дополнителен импулс за развој, овозможувајќи реализација на врвни продукции и поддршка на нови генерации уметници. Се надеваме дека ова партнерство поставува основа за долгорочна соработка, насочена кон одржлив развој и заедничко креирање нови можности во современиот танц.“

Поддршката на културните проекти претставува значаен сегмент од корпоративната стратегија на Видеолотарија Касинос Австрија. Ние како компанија, веруваме дека културата е двигател на убавина, инспирација, духовност и заедништво, вредности што ја збогатуваат заедницата и придонесуваат кон одржлив општествен развој.

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) во текот на денешниот ден ќе ги соопшти новите максимални малопродажни цени на нафтените деривати кои ќе стапат на сила од полноќ.

Оваа одлука доаѓа по најавите на премиерот Христијан Мицкоски за значително намалување на трошоците за возачите.

Општина Битола се наполни пари од издавање на јавни површини, еве како

Општина Битола ја информира јавноста дека се реализираше постапката на јавно наддавање за издавање на површини за поставување на урбана опрема.

Соопштението од општината го пренесуваме во целост во продолжение:

Процесот се одвиваше во целосно транспарентна постапка, со значителен интерес од страна на закупците, кои активно учествуваа во наддавањето. Почетната цена за закуп изнесуваше 4.000 и 5.000 денари, а во текот на наддавањето самите учесници меѓусебно ги зголемуваа понудите, со што беа постигнати повисоки износи од првично утврдените.

Овој резултат е уште една потврда дека јавните и транспарентни постапки создаваат услови за фер конкуренција и овозможуваат остварување на поголеми приходи во буџетот, што директно придонесува за подобрување на услугите и проектите во интерес на граѓаните.

Општина Битола останува посветена на спроведување на законски, транспарентни и отчетни постапки, со што се обезбедува еднаков пристап за сите заинтересирани страни и се гарантира заштита на јавниот интерес.

Во интерес на јавноста после завршувањето на јавното наддавање ова се постигнатите цени по локации и нивните закупци со највисоките понудени цени.

Локации во должина на градското шеталиште:

Локација број 1: Благој Бакулев со понудена највисока цена од 205.500 денари.
Второ рангирана понуда од КОНЗУЛ КАФЕ – 150.000 денари.
Трето рангирана понуда Драган Мицевски 120.000 денари.
Четврто рангирана понуда ТРИЦИКЛО КАФЕ – 80.000 денари.

Локација број 2: Драган Мицевски со понудата највисока цена од 265.000 денари.
Второ рангирана понуда од Благој Бакулев 185.000 денари.
Трето рангирана понуда од ТРИЦИКЛО КАФЕ 150.000 денари.
Четврто рангирана понуда од КОНЗУЛ КАФЕ од 135.000 денари

Локација број 3: Драган Мицевски со највисока понуда цена од 300.000 денари
Второ рангирана понуда од Благој Бакулев 160.000 денари.
Трето рангирана понуда од КОНЗУЛ КАФЕ 110.000 денари.
Четврто рангирана понуда од ТРИЦИКЛО КАФЕ од 109.600 денари
Петто рангирана понуда од ВЕЉО НУЛАТРИ од 6.500 денари.

Локација број 4: ТРИЦИКЛО КАФЕ со понудена највисока цена од 71.000 денари
Второ рангирана понуда од СПОРТ БАЛ ПУЛ 25.000 денари.
Трето рангирана понуда од КОНЗУЛ КАФЕ 23.500 денари.
Четврто рангирана понуда од ВЕЉО НУЛАТРИ од 22.000 денари
Петто рангирана понуда од Николче Масалковски од 16.000 денари.

Локација број 5: ТРИЦИКЛО КАФЕ со понудена највисока цена од 100.001 денари
Второ рангирана понуда од ВЕЉО НУЛАТРИ 40.000 денари.
Трето рангирана понуда од СПОРТ БАЛ ПУЛ 30.500 денари.
Четврто рангирана понуда од КОНЗУЛ КАФЕ од 10.500 денари

Локација број 6: СТОРМ БАЛ ПУЛ со понудена највисока цена од 33.300 денари
Второ рангирана понуда од ТРИЦИКЛО КАФЕ 16.000 денари.
Трето рангирана понуда од АМЕРИКО ДОГС 9.501 денари.
Четврто рангирана понуда од КОНЗУЛ КАФЕ од 9.000 денари

Локација број 7: ТРИЦИКЛО КАФЕ со понудена највисока цена од 5.500 денари
Второ рангирана понуда од КОНЗУЛ КАФЕ 5.000 денари.

Локација број 8: Е-СМАРТ ТЕХНОЛОГИЈА со понудена највисока цена од 5.500 денари
Второ рангирана понуда од ТРИЦИКЛО КАФЕ 5.000 денари.

Локација број 9: ПАЛАШ ПРОМ со понудена највисока цена од 20.000 денари
Второ рангирана понуда од БМБ МАРИН од 8.000 денари.

Локација број 10: ПАЛАШ ПРОМ со понудена највисока цена од 5.500 денари
Второ рангирана понуда од ТРИЦИКЛО КАФЕ 5.000 денари.
Трето рангирана понуда од Е-СМАРТ ТЕХНОЛОГИЈА 5.000 денари.

Локација број 11: ТРИЦИКЛО КАФЕ со понудена највисока цена од 11.000 денари
Второ рангирана понуда од БМБ МАРИН од 8.000 денари.
Трето рангирана понуда од Ашим Маликовски 5.500 денари.

Локација број 12: ТРИЦИКЛО КАФЕ со понудена највисока цена од 5.500 денари

Локација број 13: АМЕРИКО ДОГС со понудена највисока цена од 5.500 денари

Локација број 14: БМБ МАРИН со понудена цена од 8.000 денари
Второ рангирана понуда од Ана Кочановски – 7.000 денари
Трето рангирана понуда од ТРИЦИКЛО КАФЕ – 5.000 денари.

Локации до детскиот парк покрај оградата:
Локација број 1: КОНЗУЛ КАФЕ – 6.000 денари
Локација број 2: КОНЗУЛ КАФЕ – 6.000 денари
Локација број 3: ТРИЦИКЛО КАФЕ – 4.400 денари
Локација број 4: ТРИЦИКЛО КАФЕ – 4.400 денари
Локација број 5: Ана Кочановски – 4.400 денари

Tрет ден Велигден: Според веpyвaњата ова е нajcpeќниот ден во годината

Велигден, или празникот на Христовото воскресение е дефинитивно најголемиот христијански празник. Страдалната седмица заврши со новиот ден, денот на воскресението. Ние сме навикнале да ја делиме неделата на седум дена.

Но, денес се установува тајната на осмиот ден, т.е. идниот ден, кој треба да дојде за никогаш да не заврши како што завршува секој ден на ова наше време. Христовото станување од мртвите е потврда на сите негови зборови, на сите негови ветувања.

Подоцна апостол Павле ќе зборува: Ако Христос не воскреснеше, ќе беше залудна вашата вера, ќе беа залудни вашите надежи, зашто ќе верувавте и ќе се надевавте напразно. И навистина е така, бидејќи Христос не ветуваше привремена поправка на нашите животни услови, како што ветува на пример некој политичар, економист, кој ги проучил космичките закони па вешто се раководи според нив, туку ветуваше една сосема нова реалност, како креатор кој е моќен и способен да ја создаде таа реалност, поинаку кажано, како господар над животот и смртта.

Утрото на третиот ден од Христовата смрт до неговиот гроб дојдоа прво жените мироносици и ја најдоа тргната плочата што го затвораше гробот. Внатре во гробот сретнаа еден пресветол ангел кој им ја кажа веста за Христовото воскресение. Оваа вест оттогаш секоја година ја објавува Црквата низ целиот свет, како најрадосна вест за целиот човечки род.

Кај народот овој вторник се смета за најдобар во целата календарска година, а во некои места се одржуваат и свадби поради посебниот благодат.

Денешниот ден се смета за најсреќен – Зошто?

Ако на денешен ден се роди дете, тоа ќе биде среќно и долговечно. Според верувањата, ова е единствениот добар вторник во годината. Добро е да се оди во посета или да се тргне на пат.

Во Прилеп се знае, по Велигденските пости започнуваат семејните веселби и свечености – Само еден тим ги претвора вашите идеи во незаборавни спомени

По завршувањето на Велигденските пости, во Прилеп се знае, започнува период исполнет со радост, љубов и убави поводи – започнува сезоната на семејни веселби, свадби, крштевки, родендени и бројни семејни прослави кои создаваат спомени за цел живот. Секој сака овие драгоцени моменти да бидат организирани беспрекорно и да останат засекогаш запаметени, а за тоа да биде така на сцената стапува Party Hub Event, тим од Прилеп кој со својата професионалност, креативност и внимание на секој детаљ ја претвора секоја идеја во совршено реализиран настан.

Без разлика дали станува збор за интимна семејна прослава или раскошна свадбена веселба, тие нудат комплетно решение, почнувајќи од првичната замисла, па сè до последниот момент кога гостите ќе си заминат со насмевка и убави спомени.

Со опрема од највисок ранг и долгогодишно искуство, Party Hub Event создава амбиент кој ги исполнува сите очекувања. Професионалните шатори во различни димензии овозможуваат прилагодување на секој простор, додека елегантните маси, столови и коктел сетови придонесуваат за префинет изглед на настанот. Модерното озвучување и впечатливото осветлување создаваат посебна атмосфера и удобност без оглед на временските услови. Тимот се грижи за транспортот, монтажата и целокупната организација, оставајќи им на домаќините можност целосно да уживаат во моментите со своите најблиски.

Покрај семејните прослави, Party Hub Event успешно организира и корпоративни настани, промоции, концерти и фестивали. Со доаѓањето на летниот период, нивната експертиза и техничка подготвеност овозможуваат реализација на големи манифестации и јавни собири, обезбедувајќи сигурност, функционалност и впечатлив амбиент за секој тип на настан.

Довербата во нивната работа е потврдена преку бројни успешно реализирани проекти кои оставиле силен впечаток кај публиката и организаторите. Меѓу нив се издвојуваат: организацијата на градската слава „Св. Никола“ во Прилеп, учеството во Air Flow Festival и Street Food Festival Прилеп, како и ангажманот на European Youth Olympic Festival (EYOF) Skopje 2025.

Затоа, кога започнува сезоната на веселби, изборот е јасен. Доколку сакате организација без стрес и настан кој ќе се памети долго, Party Hub Event е вистинската адреса.

За навремена резервација, заинтересираните можат да се јават на телефонските броеви 078 242 241 и 072 277 521, како и да ги следат нивните профили на Фејсбук и Инстаграм, бидејќи секој убав настан започнува со добра организација.

Направете спомени што траат – со Party Hub Event!

Битола реди успеси на спортски план: Уште еден меѓународен натпревар на “Петар Милошевски”

Следуваат денови на женскиот фудбал и националната репрезентација. Пред нас е двомеч меѓу Македонија и Унгарија, а Битола и стадионот „Петар Милошевски“ пак ќе бидат дом на нашите најдобри фудбалерки. Како минатиот месец против Андора, така и сега против Унгарија, се очекува голема поддршка, позитивни вибрации и победа.

Првиот меч против Унгарија е на 14 април во 16:00 часот во Битола на стадионот „Петар Милошевски“. Влезот е слободен.

Реваншот е четири дена подоцна во Унгарија.

Емоции спакувани во ноти: „Сеќавања“ е новото музичко ремек-дело на Modus Band (ВИДЕО)

Modus Band ја претставија својата најнова песна и видео спот. Најновото музичко достигнување носи наслов „Сеќавања“, а станува знор за емотивна и жива композиција која раскажува приказна што сите сме ја доживеале. Со моќна мелодија и длабока порака, песната сигурно ќе ги освои слушателите и ќе стане неизоставен дел од програмата на радијата и телевизиите.

Музиката е дело на Modus Band, додека текстот го напиша фронтменот на групата, Гоце Бошкоски – Чоки, кој преку стиховите успева да ја долови силата на љубовта и спомените. За аранжманот се погрижија Modus Band и Славко Ристески, а посебен белег на композицијата ѝ дава маестралната изведба на кларинет од Мартин Андреески. Професионалниот звук е заокружен со микс и мастеринг од Prosound Production Studio.

Визуелната приказна е реализирана од General Film Studio, со видео продукција на Дарио Јанковиќ и режија на Ана Марија Јанковиќ. За комплетниот изглед се погрижија Ели Илиоска (шминка), моделот Yagmur Bas од MAX MODELS, како и бутикот LOOK Prilep.

„Сеќавања“ е песна што допира до срцето и потсетува на моменти кои никогаш не се забораваат – вистински музички хит кој долго ќе се слуша и памети.

Слушнете и уживајте во продолжение:

Со донација од општествено одговорни компании се разубавува центарот на Крушево (ФОТО)

Благодарение на донација од општествено одговорните компании “Секе” и “ЕКО-МАР ДОО Прилеп, се разубавува центарот на Крушево, онака како што треба да изгледа едно туристичко место, со убаво хортикултурно уредени тревници и цвеќе.

Градоначалникот на општината, Нико Чонески, упати благодарност за донацијата до компанииите, а нивниот потег нека биде поттик за сите општествено одговорни бизниси да помогнат Крушево да блеска на секој чекор.

Инстаграм воведува големa променa: Една опција предизвикува хаос кај корисниците

По долго чекање и бројни барања од корисниците, Инстаграм конечно воведе опција што ви овозможува да ги уредувате коментарите што веќе се објавени.

Иако на прв поглед може да изгледа како мала работа, оваа иновација го менува начинот на комуникација на една од најпопуларните социјални мрежи.

Порано, секоја грешка во коментарот, без разлика дали станува збор за печатна грешка или лошо формулирана реченица, можеше да се исправи само со бришење и препишување, што честопати го нарушуваше текот на разговорот и предизвикуваше конфузија.

Сега корисниците можат да ги корегираат своите коментари без да ги отстранат, што ги прави дискусиите појасни и поприродни.

Сепак, оваа опција не е неограничена, промените се дозволени само во првите 15 минути по објавувањето.

Во овој краток период, можно е да се промени содржината на коментарот неколку пати, без разлика дали станува збор за корекција на грешки или целосно преформулирање на пораката. Исто така, секоја промена ќе биде означена со ознаката „изменето“, така што е јасно дека коментарот последователно е променет.

Важно е да се напомене дека може да се промени само текстот, додека дополнителните елементи како што се сликите остануваат непроменети. Исто така, нема опција за гледање на историјата на промените, па затоа другите корисници не можат да знаат што точно е променето, туку само дека се случила промена.

Оваа функција постепено се воведува низ целиот свет и се очекува наскоро да стане достапна за сите. На некој начин, Инстаграм ја следи практиката на другите платформи каде што уредувањето на објавената содржина е веќе вообичаена.

Мислењата за оваа иновација се поделени. Некои веруваат дека таа ќе придонесе за подобра комуникација и ќе ги намали недоразбирањата, додека други предупредуваат дека може да се злоупотреби. На пример, некој може да промени коментар откако ќе добие реакции, со што ќе се промени значењето на целата дискусија.

Дополнителен проблем може да се појави кога корисниците ќе видат дека коментарот е променет, но не знаат што точно е променето, што може да предизвика сомнеж и недоверба. Исто така, постои страв дека луѓето ќе обрнат помалку внимание на пишувањето коментари, потпирајќи се на можноста за подоцнежни корекции.

Сепак, ограничувањето од 15 минути беше воведено за да се спречи поголема злоупотреба, идејата е да се исправат грешките, а не да се промени значењето на пораките потоа. На овој начин, Инстаграм се обидува да најде рамнотежа помеѓу флексибилноста за корисниците и зачувувањето на сигурна комуникација.

BLISS, ZOO, театарот, киното, спортот, концертите… и се’ што нема Прилеп станува подостапно за прилепчани со новиот воз

Убава вест пристигнува од Македонски железници, од каде Маркукуле дознава дека од 1. мај ќе ја вратат старата навика на жителите од Пелагонискиот регион да патуваат со воз.

Според информациите четири пати во денот ќе се патува со воз од Прилеп до Битола, а цената на повратна карта ќе биде само 150 денари.

Првиот воз ќе тргнува во 6:30часот од Прилеп, а во Битола ќе се пристигнува за 40 минути. Целта на оваа новина е да се олесни поврзувањето помеѓу двата пелагониски центри во периодот додека се гради новиот автопат, а стариот пат е оптеретен како со патнички, така и со товарен сообраќај.