дома блог страница 184

Може ли “Еурокомпозит” да се надева на рестарт? Мисајловски најавува компании од одбранбената индустрија кои сакаат да инвестираат во Македонија

Во Министерството за одбрана на месечно ниво доаѓаат по неколку компании од секторот на одбранбената индустрија кои се заинтересирани да ги разгледаат можностите за да инвестираат во Македонија, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски во изјава за МИА од Брисел.

– Мислам дека наскоро ќе се потпише и Меморандум за соработка со една од тие компании, а има и друга македонска компанија што сака да се прошири, рече Мисајловски.

Тој најави дека една македонска фирма потпишала меморандум со странска компанија за изградба на фабрика, а дека постојат и уште две-три други иницијативи во чии рамки за разговара за земјиште, за постоечката легислатива и за начините и процедурите за инвестирање.

– Добро е што има компании што сакаат да дојдат во Македонија, бидејќи сепак ова е специфична наменска индустрија. Добро е да има напредок на ова поле по повеќе години застој, рече Мисајловски.

Министерот нагласи дека државата и Владата ги охрабруваат овие компании да инвестираат и се подготвени да им помогнат во тоа преку расположливите инструменти.

– Секој е добредојден, како и секоја компанија што има добра намера. Таа добра намера, се разбира, треба да се преточи во инвестиција. Како Влада ќе помагаме и важно е таа индустрија се повеќе и повеќе да ја развиваме. Ќе дадеме се од себе како држава да привлечеме странски инвестиции и најдобро би било овие фабрики да се градат во оние делови од нашата земја каде има потреба за тоа. Ќе работиме на тоа поле и се надевам дека наскоро ќе бидете сведоци на потпишување на еден ваков меморандум, додаде Мисајловски во изјавата за МИА.

На Универзитетот СКОПЈЕ предавање за Розов Октомври – месецот за подигање на свеста за ракот на дојка (ФОТО)

На Универзитет Скопје денеска се одржа предавање за “Розов октомври”, месецот за подигање на свеста за ракот на дојка. На панел дискусијата, свое учество имаа еминентни професори и доктори, но свое обраќање имаше и кандидатот за градоначалник на Карпош г- дин Сотир Лукроски.

Oд Универзитетот СКОПЈЕ упатуваат голема благодарност до тимот доктори:

Примариус М-р специјалист радиолог Виолета Толевска, д-р Милан Ристески- специјалист по онкологија и радиотерапија, Асистент др Наташа Толеска Димитровска – специјалист по торакална хирургија, Др.Љубинка Спиркоска Спец.Психијатар, Проф. д-р Магдалена Богдановска Тодоровска, Институт за патологија, Медицински факултет, УКИМ, Скопје и Специјалист д-р интервентен радиолог Ивона Јованоска – претставник на Здружение за борба против рак на дојка- МАРИЈА ПРОВЕРИ СЕ.

Утре традиционален ЕСЕНСКИ ПАНАЃУР во ООУ “Кире Гаврилоски-Јане” во Прилеп – Промоција на здрава храна и нејзината важност за правилен раст и развој

Под мотото “Живеј силно, живеј здраво”, на 16.10.2024год., со почеток од 11:30ч. во училишниот двор на ООУ “Кире Гаврилоски-Јане” во Прилеп, ќе се одржи традиционалниот есенски панаѓур.

Целта на настанот е да се развие свеста кај учениците за значењето на здравата храна и здравите навики за правилен раст и развој.

Сите одделенија ќе бидат активно вклучени во организирањето и претставувањето на различни штандови, каде ќе има изложено разновидни видови на здрава храна, како: овошје, зеленчук, житни продукти, јаткасти плодови и домашни производи, како природни џемови и печива од интегрално брашно.

Ова се визијата и проектите на ЗНАМ за враќање на прилепскиот спорт на пиедесталот (ВИДЕО)

Кандидатите за советници од Движењето ЗНАМ За Наша Македонија – Прилеп денеска имаа ново програмско обраќање посветено на спортот и активниот начин на живот – области што, како што велат, се клучни за здрави генерации и посилна заедница.

Тие најавија организација на спортски активности за сите возрасти, со цел секој граѓанин да добие можност за рекреација и дружба преку спортот. Во рамки на нивната визија, предвидена е и изградба на адреналински паркови, како мала, но значајна инвестиција што ќе донесе големи придобивки за целата заедница.

Посебен акцент ставија на поттикнувањето на младите и децата да се вклучат во спортски активности и клубови, со што се создаваат здрави навики, тимски дух и позитивна енергија во општината.

Движењето ЗНАМ нагласува дека спортот не е само натпревар, туку начин на живот – и токму затоа ќе се залагаат Прилеп да стане град на спортот, рекреацијата и здравата енергија.

Во недела кога се слави Светиот Апостол Тома, посетете го средновековното светилиште во демирхисарско Граиште – недопрена природа, убавини од сите страни (ФОТО)

Kaj демирхисарското село Граиште, во недопрена природа, се наоѓа 500 години старо светилиште – манастирот Св. Тома, или познат како Граиштански манастир, или Шути манастир.

Манастирот е граден во доцниот среден век, но уништен во XVIII век. Возобновен е во 2002 г. врз темелите на стариот храм.

На 19.10. (недела) кога се празнува Светиот апостол Тома, сите патишта, не само од Демир Хисар и Демирхисарско, туку и од други градови водат кон ова светилиште.

До манастирот има асфалтиран пат, а на празникот ќе има утрена богослужба со Света литургија со почеток од 07:00 часот, а потоа следи водосвет и пеење на славските лепчиња.

За сите верници кои ќе го посетат храмот, домаќините ќе имаат приготвено вкусна манастирска чорба, пијачка и музика, па останува само да уживате во чистиот воздух, природата и пријатното октомвриско време.

За многу години!

Коњановски: Целосна реконструкција на центарот за спорт и рекреативни активности во Битола

Денес со гордост зборуваме за проект кој ќе го промени спортскиот живот во нашиот град. Реконструкцијата и изградбата на центарот за спорт и рекреативни активности, познат како поранешната боксерска сала, вели градоначалникот на Битола и кандидат за уште еден мандат, Тони Коњановски.

-Овој повик е поддржан во првиот повик на Владата на Република Македонија за капитални инвестиции минатата година. Денес, веќе се гради модерен објект, од над 1000 квадратни метри, вреден повеќе од 40 милиони денари, кој ќе стане вистински дом за нашите спортисти и млади. Новата сала, ќе им овозможи на нашите боксери, да тренираат во современи услови, а дополнително ќе има и карпа за качување за сите љубители на авантуристички спортови, вели Коњановски.

„Со овој проект, градиме иднина, создаваме простор, што ќе ги поттикне младите за спорт, здрав живот и заедништво. Од една поранешна руина, ќе изградиме објект, што ќе биде симбол на енергија, дух и амбицијата на новиот град. Вистински избор е да инвестираме во спортот, во младите. Вистински избор е да инвестираме во иднината“, посочи тој.

Николоски најави чистка: По изборите ќе се занимаваме со криминалците во судството и обвинителството

Предвремени избори нема да има, ние имаме стабилна коалициона влада која што одлично функционира. Мандатот на оваа Влада е до 2028 година и следните избори ќе бидат во 2028 година, изјави денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на евентуалнио предвремени парламентарни избори вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

-Тоа е всушност разликата помеѓу нас и црната Коалиција на СДСМ, ДУИ и Левица која што е од другата страна. Ние зборуваме за проекти, а од другата страна има само празни зборови, има само манипулација, жед и желба за власт.Минатата година отидоа во опозиција само година и три месеци се во опозиција и неможат да додржат да останат во опозиција и цело време предвремени избори, предвремени избори, предвремени избори…, истакна Николоски

Николоски за после локалните избори најави расчистување во судството и обвинителството, и одговорност од сите кои ја злоупотребиле власта.

-Кога некој толку време бара предвремени избори, тоа значи дека него го интересира привилегите од власта, а овие ги интересира и криминалот од власта. После локалните избори ние нема да се занимаваме со предвремени избори, туку ќе се занимаваме со расчистување во судството и обвинителството и сите оние кои што ја злоупотребија власта од Коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица, таканаречената „црна коалиција“ ќе одговараат после завршувањето на овие избори, затоа што тоа е фокус број еден после завршувањето на изборите, рече висепремиерот Николоски.

Матеска ги повикува Проданоски и Лукареска на дебата

Народот најдобро ќе ја донесе правилната одлука за кого да гласа кога ќе слушнат нешто повеќе освен реклами со видеа, да слушнат каде се трошеле буџетските пари додека Проданоски беше претседател на Совет, а исто и од Лукареска која доаѓа од партијата што е веќе во стечај да слушнат како се уништи Прилеп, вели независната кандидатка за градоначалник на Прилеп, Павличне Матеска, која што бара дебара со кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

“Ајде да зборуваме и народот да чуе за депонијата Чачорица, зошто Прилеп ќе нема нов театар, за арамилукот во јавните претпријатија и дивоградбите што ги ослепуваат, а не ги гледаат…Да видиме дали СДС го води ВМРО во Прилеп со своите кадри и многу други работи….а, и зошто 51% прилепчани не сакаат да ги видат”, вели Матеска.

Се откажа од градоначалничката плата, Прилеп би заштедил 75.000 евра со овој потег

Независниот кандидат за градоначалник на општина Прилеп, Борче Чупетрески, денеска јавно објави писмена изјава заверена кај нотар, со која официјално се откажува од платата и сите надоместоци што законски му следуваат доколку ја извршува функцијата градоначалник.

„Мене со пари не ме купувате. Во животот сум имал и премногу и премалку, но секогаш сум имал достоинство и чест. Како човек на морал и принципи, изјавувам дека нема да работам за народни пари. Истите ќе ги донирам во хуманитарни цели – за општествено добро,“ стои во изјавата на Чупетрески.

Тој ги повика и останатите кандидати за градоначалници да го следат неговиот пример и да се откажат од платите доколку искрено им е целта да му служат на народот, а не на личниот интерес.

„Воедно ги повикувам и прилепските пратеници во Собранието да се откажат од своите плати, патни трошоци и додатоци – за доброто на граѓаните и на оние на кои им е навистина неопходна финансиска помош,“ додава Чупетрески.

“Натурализирани прилепчани” кои освојуваат со музички шарм – Група “ДЕСПИНА” во “ПОРТА”, резервирајте навреме!

Сите добро ги знаеме, сите одлично сме се забавувале на нивните настапи, и со нетрпение сме го очекувале нивното следно гостување во Прилеп.

Битолскиот состав кој некако е одомаќинет во градот под Марковите Кули, овој петок гостува во ресторан “ПОРТА”, место кое не е непознато за нив и каде се барало маса повеќе кога настапувале.

Ќе ве дочекаат со неодоливиот староградски шарм и пријатни звуци – одличен начин да се заврши работната недела, да се ужива во богатото гурманско мени и вкус што само “ПОРТА” ги нуди и секако единствениот блескав амбиент.

17.10. (ПЕТОК), почеток 20:30часот!

Резервирајте навреме на телефонскиот број: 078 368 111

А кога сме кај понудата на ресторанот, еве ви една убава фото галерија од маестрално приготвени трпези какви само “ПОРТА” може да понуди:

Наздравје!