дома блог страница 182

Kривична за 24-годишен разбојник од Прилеп – Во неколку дена ограбил повеќе свои сограѓани

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против С.А.(24) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“, „тешка кражба на дрзок начин“ и „кражба“. На 12.04.2026, пријавениот со употреба на физичка сила од малолетник одзел платежна картичка на неговиот татко и мобилен телефон. На 09.04.2026 од женско лице одзел чанта со пари, а на 11.04.2026 во аптека од вработената одзел мобилен телефон – информираат од МВР.

РК Прилеп го сомле Еурофарм Пелистер 2 – следната сезона градот заслужува сала и плеј-офф

Ракометарите на Прилеп ја продолжија одличната серија во плеј-аут разигрувањето во Супер лигата, запишувајќи ја петтата последователна победа, односно шеста во низа сезонава. На домашен терен тие го совладаа составот на Еурофарм Пелистер 2 со резултат 29-26, нанесувајќи им го третиот пораз во оваа фаза.

Ова е прва победа на Прилеп над битолскиот тим по јуни 2024 година. Со новите бодови, прилепчани сега имаат вкупно 30 на табелата, што е пет повеќе од Еурофарм Пелистер 2. Иако овие натпревари немаат директно резултатско значење, тие јасно покажуваат кој тим ќе биде подготвен следната сезона да се бори за место во плејофот.

Најефикасен во редовите на Прилеп беше Димитар Димитриоски со осум погодоци, додека Денис Шабановиќ додаде седум. Голманот Иван Ангелески имаше значаен придонес со повеќе успешни одбрани. Кај гостите, Мохамед Азис и Славчо Шулески постигнаа по пет гола.

Николоски: Следната пролет ќе ги возиме првите километри од автопатот Прилеп – Битола

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со силна динамика и очекувам веќе од следната пролет да ги возиме првите километри, а целиот автопат да се заврши и пред рокот. Преговараме за нова траса од Фариш до Прилеп како автопатско решение, работиме на проектирање на обиколница Прилеп, на топловодот за Битола, гасификацијата и други инфраструктурни проекти кои ќе дадат силен економски инпут за развој на Пелагонискиот регион, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски пред Регионалните бизнис комори на Битола и Прилеп.

“Знаете дека како Влада презедовме итни мерки. Македонија во моментов има најевтино гориво во целиот регион и нема никаков застој во снабдувањето, што не е случај со останатите држави. Скопскиот и охридскиот аеродром редовно функционираат за разлика од други аеродроми. И приштинскиот аеродром исто така се снабдува преку домашни снабдувачи, што значи дека успеавме кризата да ја амротизираме онолку колку што беше можно.

Во делот на автопатите, сега доаѓам од увид во изградба на автопатот Прилеп – Битола и градежните активности одат одлично. Она што го добив како ветување од Изведувачот е дека следната пролет ќе можеме да возиме по првите километри автопат на потегот од Прилеп до Битола, а целиот автопат да се заврши пред рокот со што ќе имаме комплетно автопатско решение од Прилеп до Битола.

На тоа се надоградуваат и разговорите кои што интензивно ги водиме и очекувам во текот на месеците јуни или јули да излеземе со конечното решение за продолжување онаму каде што застанавме, а тоа е после тунелите кај Фариш. Веќе го пуштивме експресниот пат кој што оди од Градско до Дреново и од Дреново до Фариш. Сега треба да го завршиме и делот што оди делот од Фариш до Прилеп, односно до го ограничиме Плетвар и на тој начин да имаме до Битола целосно автопатско решение” – изјави вицепремиерот Николоски.

Тој најави и воведување на градски воз меѓу Прилеп и Битола со цел да се олесни комуникацијата меѓу општнинте како резултат на отежнатиот сообраќај на регионалниот пат.

“За таа цел работиме заедно со двете железнички претпријатија, Македонски Железници Инфраструктура и Македонски Железници Транспорт. Некаде во месец јуни да пуштиме нов градски воз кој што би оперирал на линија Прилеп-Битола-Жабени и на тој начин да можат оние кои што имаат дневна потреба помеѓу овие два града а и оние кои што работат во индустриската зона Жабени да го користат возот што би значело навреме да се стига, брзо да се стига и да одиме со една промотивна цена, тоа е 150 денари за повратна карта, што е убедливо најевтиното што може да се најде на пазарот” – истакна Николоски.

Вицепремиерот најави и нови инфраструктурни проекти за економски развој на Пелагонија.

“Сакам да кажам уште три проекти во најава. Еден е обиколница на градот Прилеп. Веќе работиме со градоначалникот, тој веќе го работи проектирањето, мое и на Владата да ја изградиме обиколница со цел товарните возила да ги извадиме надвор од градот. Втората работа што сакам да ја најавам е топловодот, односно парното за градот Битола. И третата работа е гасифификација. Така што имаме огромни проекти за целиот овој регион, кои што се надопштински проекти. Знаете дека помагаме на општините секоја година со сериозна сума на средства, беа определени 250 милиони евра за општините и тоа се дополнителни проекти од овие кои што веќе ги спомнав” – изјави вицепремиерот Николоски.

На средба со бизнис коморите од Прилеп и Битола, покрај вицеперемиерот Николоски, присуствуваат и заменик министерот за економија Марјан Ристески, Николче Јанкуловски, заменик министер за финансии и градоначаланиците на Битола, Прилеп, Могила Новаци и Крушево.

Со еден клик нарачувате најквалитетни налепници и етикети со најдобар квалитет за вашиот бизнис

Во современиот деловен свет, квалитетната и визуелно привлечна етикета игра клучна улога во препознатливоста на секој производ. Токму затоа, компанијата LabelPro се позиционира како доверлив партнер во областа на печатењето на етикети во ролна, нудејќи врвни решенија прилагодени на потребите на различни индустрии.

LabelPro е специјализирана печатница која изработува висококвалитетни етикети за широк спектар на дејности, меѓу кои:

  • Прехранбена индустрија
  • Козметика
  • Хемиска индустрија
  • Фармација
  • Винарија и пијалоци
  • Логистика и малопродажба

Широка палета на производи

Компанијата нуди изработка на:

  • Самолепливи етикети во ролна изработени од различни материјали како PP, PE и хартија
  • Мат и сјајна завршница, со можност за дополнителни заштитни ефекти
  • Етикети отпорни на влага и надворешни услови, идеални за производи што се складираат или користат во специфични средини

Покрај тоа, LabelPro произведува и термални етикети во ролна, и тоа:

  • Директ термал
  • Термо трансфер

Овие етикети се достапни во сите димензии, со можност за целосно прилагодување според потребите на клиентот, вклучувајќи ја ширината на ролната, дијаметарот, јадрото и начинот на навивање.

Современа технологија и врвен квалитет

Работејќи со современа опрема и напредни производствени процеси, LabelPro обезбедува:

  • Висока прецизност при печатењето
  • Конзистентен и врвен квалитет
  • Брза и навремена испорака
  • Флексибилност за производство на мали и големи серии

Партнерство засновано на доверба

Без разлика дали станува збор за нов производ или за унапредување на постоечко пакување, тимот на LabelPro нуди професионална поддршка и решенија кои придонесуваат за подобра презентација и препознатливост на брендот.

Компанијата ги охрабрува сите заинтересирани клиенти да испратат димензии, количини и технички спецификации, по што ќе добијат најповолна понуда во најкраток можен рок.

За понуда, кликнете на линкот во продолжение: https://labelpro.mk/

Денес Универзитет Скопје ги отвори вратите за идните академски генерации (ФОТО)

Со голема чест и задоволство, Универзитет Скопје денес пречекува над 500 матуранти од Скопје и Белград, кои имаат единствена можност одблиску да ја почувствуваат студентската атмосфера и да се запознаат со богатата понуда на студиски програми.

Настанот, организиран како „Отворен ден“, претставува значаен чекор за идните студенти во процесот на избор на нивната академска и професионална насока. Посетителите имаат можност да се информираат за условите за студирање, наставниот кадар, современите образовни методи, како и за можностите за меѓународна соработка и професионален развој.

Отворениот ден не е само презентација на универзитетот, туку директна средба со можностите, инспирацијата и визијата за успех. Преку интеракција со професорите и студентите, матурантите добиваат реална слика за студентскиот живот и поддршката што Универзитет Скопје ја нуди во градењето на нивната иднина.

Со вакви иницијативи, Универзитет Скопје ја потврдува својата посветеност кон едукацијата на младите и создавањето на генерации подготвени за предизвиците на современото општество.

(ФОТО) Николоски: “Автопатот Прилеп-Битола ќе биде завршен во предвидениот рок, Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот”

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со силна динамика, сите предизвици што се појавуваат на трасата се надминуваат со добра координација на институциите и Изведувачот и очекуваме оваа автопатска делница да биде завршена почетокот од 2028 година, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски извршија увид во градежните работи.

Интензивно се работи на 22 км пробиена траса од вкупно 40 км или на 55 % од вкупно предвидената траса.

Изградбата се реализира согласно динамичкиот план, покрај земјените работи на трасата се работи на 2 моста, 2 потпатника, 1 натпатник и 1 клучка. Од увидот беше потенцирано дека во завршна фаза се работите на потпатникот кај населеното место Алинци, потпатникот под регионалниот пат R1101 и натпатникот кај село Ново Лагово. Исто така забрзани градежни активности има и кај населените места Тополчани и Вашарејца.

Во овој момент според диманичкиот план и оперативните потреби на терен се работи со преку 75 машини и механизација. Во однос на експропријацијата, беше истакнато дека од вкупно 1263 предмети, до сега решени се 1204, а во постапка се уште 59 предмети, што беше заклучено дека експропријацијата се реализира забрзано.

Вицепремиерот Николоски при увидот потенцира дека навременото завршување на автопатот Прилеп-Битола ќе значи забрзан развој на Пелагонскиот регион, можност за нови инвестиции, развој на локалните бизниси и повеќе работни места. Овој автопат има силно влијание врз севкупниот развој на Пелагонија и затоа е многу важно да биде изграден на време и согласно сите стандарди.

Автопатот Прилеп-Битола е дел од Кородорот 10 -д, паневропски коридор што и дава посебно економско и геополитичко значење на Македонија.

73-годишен прилепчанец направил сообраќајка – бил пијан, со 1,9 промили алкoxoл во крвта

На 13.04.2026 во 16:50 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп на ул. „Гога Димитровски“ во Прилеп го лишија од слобода Б.В.(73) од Прилеп.

При вршење увид на сообраќајна несреќа во која тој учествувал со возило „спарк“ со прилепски регистарски ознаки, утврдено е дека Б.В. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,91 промили алкохол во крвта.

Помеѓу финансии и човечност – гест што значи повеќе од бројка

Пред секој голем празник Минт Финтек Групација освен со општествено одговорни проекти, посветува внимание и на човечките приказни.

Па така е донесена одлука да отпише долг во износ од 470.000 денари на семејство од Штип кое се соочува со сериозни животни предизвици.

Станува збор за семејство кое се грижи за дете со пречки во развој, при што секојдневието им е исполнето со грижа, посветеност и финансиски оптоварувања кои често ја надминуваат нивната реална можност.

Со оваа одлука, компанијата не само што финансиски го олеснува товарот на семејството, туку испраќа и јасна порака дека зад бројките секогаш стојат луѓе,приказни и реални животи.

„Веруваме дека одговорното работење не се мери само преку резултати, туку и преку начинот на кој се однесуваме кон луѓето во заедницата. Кај нас бројките не се сѐ, одговорност и човечност градиме како комапнија” -истакнуваат од Минт Финтек Групација.

Ова не е прва ваква иницијатива на компанијата, која и претходно ви неколку наврати реализираше слични активности со цел да помогне таму каде што е најпотребно.

Во време кога многу приказни остануваат незабележани, ваквите гестови потсетуваат дека солидарноста не е само збор, туку избор.

Проектот „Педали и приказни“ ја носи културата поблиску до граѓаните – Денеска низа активности во Прилеп

Форум за Авангардна Креативност – Прилеп (ФАК) и NGO Go Green работат на реализирање на проектот „Педали и приказни“ помогнати од фондацијата HEARTEFACT, во соработка со Општина Прилеп, НУЦК Марко Цепенков, СОУ “Ристе Ристески – Ричко”, СОУ “Ѓорче Петров” и CLS Equipment.

Во Прилеп – како и во многу други помали градови во Македонија – јавниот простор останува недоволно искористен како место за култура, слободен израз и граѓанска поврзаност.

Културните настани главно се одвиваат во затворени, институционализирани формати, што исклучува многу граѓани, особено млади луѓе, надвор од системот и ги прави маргинализирани групи. Во тој контекст проектот вклучува културни работници и уметници и ги реализира следниве активности: проекција на филмови на јавен простор и изработка на мурал.

Воедно, вело-културата е недоволно развиена и сè уште не е препознаена како дел од одржливиот урбан живот, иако има потенцијал да ги поврзе луѓето со градот, со природата и едни со други. Проектот „Педали и приказни“ одговара на овие предизвици со тоа што ја отвора културата кон улицата, создава простор за дијалог, уметност и активизам и ја
приближува до заедницата преку пристапен, одржлив и ангажиран формат.

Во рамките на третата епизода, граѓаните на Прилеп денеска (16.04.) на плоштадот “Александрија”, ќе можат да бидат дел и да учествуваат во следните активности:

17.00 – 19.30 DJ
18.00 Критична маса (возење на велосипед низ прилепските улици)
19.30 Проекција на ЕКО филмови
„P 3“ – 13 минути
„Home Sweet home“ – 14 минути

Паралелно со активностите кои се одвиваат на плоштадот во центарот на градот и низ прилепските улици, учениците и нивните ментори во СОУ Ристе Ристески Ричко изработуваат мурал кој ќе биде презентиран пред прилепската јавност во последната епизода од проектот.

Собранието ќе одлучува за продолжување на рокот на кризната состојба за нафтата и нафтените деривати

Собранието денеска треба да ја одржи 99. седница на која на дневен ред е Предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на државава до 20 јули годинава.

Предлог-одуката е на дневен ред и на седница на собраниската Комисија за одбрана и бебзедност.

Одлуката, според предлогот, ќе почне да се применува на 21 април.

По конфликтот на Блискиот Исток, Владата на седница на 23. минатиот месец донесе одлука за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти за горивата и ослободување количини мазут од државните резерви, како и одлука во времетраење од 30 дена за прогласување кризна состојба на целата територија на државата со цел да се овозможи соодветно законско постапување и институциите да можат ефикасно да ги спроведуваат мерките. Со одлуката се утврди постоење кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати на населението, како последица од постоење на ризици и опасности во снабдувањето со стратегиските енергенси, како и попречување и блокирање на нивниот увоз во државава. Тогаш беше активиран и Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој е во постојано заседавање заради следење на мерките и активностите и координирано дејствување поврзани со оваа одлука.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека состојбата со нафтените деривати е стабилна и непроменета.

– Нафтените резерви се такви какви што беа пред почетокот на кризата, не е потрошен ниеден литар – изјави Мицкоски. Следејќи ги цените на берзите на нафтените деривати, рече дека најверојатно цените на горивата во земјата ќе останат исти или ќе бидат намалени.

Во однос на продуктоводот за транспорт на нафтени деривати, рече дека и во него има проток на нафта. За тоа дали по 20 април Владата ќе ја продолжи мерката за намалено ДДВ за нафтените деривати, Мицкоски рече дека од она што го следи, најмалку ќе останат истите цени на горивата, а можно е дополнително намалување следната недела. Попустот со „Окта“, како што рече, е договорен до крајот на април, а се преговара и за дизел-горивото.

-Тоа е приближно 75 проценти од вкупното потрошувачко портфолио, барем уште некој дополнителен попуст да извадиме, барем уште еден денар за литар, најави Мицкоски.