дома блог страница 1594

Наместо на клупата, Борче Јовчески на трибините: Управата потклекна на притисокот?

Беше редовно на клупата на РК Прилеп во изминатите 5 години, се грижеше за здравјето на играчите и беше еден од луѓето кои сакаа по секоја цена клубот да опстане и да постои.

Сега откако стана кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, Д-р Борче Јовчески, веројатно под притисок на СДСМ не бил повикан на клупата на ракометниот клуб, каде работеше целосно волонтерски.

РК Прилеп во овие моменти во спортската сала “Ристе Ристески-Ричко” игра скопски Металург, а Јовчески натпреварот го следи од трибините помеѓу навивачите и како и секогаш ги бодри момците.

Неофицијално, на само 4 часа пред натпреварот на Јовчески му било понудено да биде дел од екипата, но тоа се смета за крајно некоректно и непрофесионално, бидејќи сериозен прволигаш никогаш неда да дозволи да потклекне под нечии притисоци.

Специјалци вoopyжани до заби од хеликоптep се спуштија во Охридското Езеро (Фото)

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска (15.09.2021) во Охрид имаше обраќање на „Симулациската вежба за размена на информации во реално време“ организирана со координација на Министерството за внатрешни работи и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Тој пред учесниците од земјите од Западен Балкан, амбасадорот на мисијата на ОБСЕ во Скопје Клеменс Која, високите претставници на делегацијата на МВР на Република Чешка и претставници на проектот ИПА 2019 за борба против сериозниот криминал во Западен Балкан истакна дека оваа симулациска вежба е исклучително успешна и корисна.

„Предизвиците со кои се соочуваат државите од регионот и пошироко во насока на сузбивање на транснационалниот организиран криминал, од година во година стануваат се покомплексни и налагаат продлабочување на меѓународната полициска соработка во делот на сузбивање на меѓународните организирани криминални групи инволвирани во различни видови криминал.Во овој контекст и Република Северна Македонија заедно со земјите од регионот, ја препознава важноста од интензивна полициска соработка и ефикасна и ефективна размена на информации. Зајакнувањето на овој вид соработка, претставува приоритет врз основа на кој се надградува безбедносната и политичката стабилност на државите во Европа. Имајќи го ова предвид, Министерството за внатрешни работи беше иницијатор за спроведување на оваа вежба како еден дополнителен напор за потврдување на добрите пракси и евентуално, утврдување на областите во размената на информации каде што постои простор за подобрување“, истакна министерот Спасовски.

Министерот Спасовски потенцираше дека на регионален и меѓународен план, МВР изминатите години активно учествуваше во размената на информации и спроведување на меѓународни истраги за организиран криминал и сузбивање на организирани криминални групи од меѓународни размери, како по сопствени иницијативи, така и со партиципирање во иницијативи на други држави, при што оствари интензивна соработка не само со земјите од регионот, туку и со земјите од ЕУ.

„Како домаќин на овој настан, Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија исполнува дел од задачите утврдени во рамки на Управната група за преземени обврски од областа на безбедност формирана како дел од Берлинскиот процес, со која годинава заеднички претседаваме со Обединетото Кралство“, рече Спасовски.

Тој изрази очекување дека извештајот што ќе го изготват претставниците на регионалниот проект за борба против организиран криминал ИПА2019 ќе укаже на евентуалните недостатоци и ќе даде препораки за нивно надминување, но исто така ќе ги потенцира и добрите пракси и искуства кои што ги користат земјите од нашиот регион. На крајот министерот Спасовски уште еднаш изрази голема благодарност до Мисијата на ОБСЕ за нивната перманентна поддршка и партнерство со МВР.

Во склоп на „Симулациската вежба за размена на информации во реално време“, присутните ја проследија и симулираната полициска операција на Специјалната антитерористичка единица – Тигар и Хеликоптерската единица, која ја заокружи вежбата и ги ефектураше резултатите од неа, а во која полициските службеници се справуваат со терористи кои напаѓаат објект на критична инфраструктура употребувајќи нелегално оружје.

Во Македонија денеска пристигнува втората група бегалци од Авганиcтан

Втората група бегалци од Авганистан кои Македонија се договори да ги прифати и да им понуди привремен дом, ќе пристигнат денеска по 16 часот на Меѓународниот Аеродром Скопје.

– Ве известуваме дека денеска, 15 септември 2021 година (среда), на Меѓународниот Аеродром Скопје ќе пристигнат граѓани од Авганистан, стои во соопштението на Владата.

Оттаму додаваат дека не се придвидени изјави на владини претставници при пристигнувањето.

Првата група од 149 лица пристигна на 31 август, но набргу станаа 150 откако една од нив се породи веднаш по пристигнувањето.

Вечното дерби на “Гоце Делчев”, Борче Јовчески секогаш со спортистите (Фото)

Во рамките од 16-финалето од Купот на Македонија, Победа го пречекува Вардар, во вечното дерби кое стартуваше од 15 часот на градскиот стадион “Гоце Делчев”.

На трибините веќе редовно поддршка на црвено-белите е кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Д-р Борче Јовчески.

Јовчески е голем поддржувач на спортот и е како одомаќинет на спортските натпревари.

Прилепчани во огромен број навиваат за црвено-белите и очекуваат триумф над вечниот ривал Вардар.

Сугарески во едно дpyго вpeме: Влacта бега од откyпот на вишокот тyтyн (Видео)

Предизборието е секогаш добро време да се потсетиме што ветувале и за што се залагале политичарите во минатото, особено оние чии политички кариери траат повеќе од 2 децении

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Прилеп, Горан Сугарески, едно време беше жесток поборник за правата на тутунопроизводителите.

Обвинуваше дека минатата власт бегала од откупот на вишокот на тутун и ветуваше “мед и млеко” за напатениот земјоделски народ.

Колку од тоа е реализирано и колку се подобри животниот стандард на тутунарите сведоци сме сите.

Ниските откупни цени за минатата реколта, неисплатените средства од петтиот Ковид пакет, редиците пред откупните пунктови…. се само дел од проблемите кои тутунарите ги посочуваа и ги посочуваат секојдневно.

Покрај тоа последно тутунарите од прилепскиот регион реагираа и на фактот што за нив нема предвидено “зелена нафта”, a постојано се жалат и на недоволната заштита од државата од невремиња и неисплатените штети.

А кога вишокот на тутун е во прашање, Сугарески треба да прошета низ селските средини и да провери дали се уште има тутунопроизводители кои чуваат тутун од минатата реколта. Ќе се изненади колку тони се останати по таваните и плевните…

Црни облаци од чад над Прилеп (Видео)

Црни облаци чад се издигаа околу пладне над Прилеп

Облаците чад доаѓаа од подножјето на “Маркови Кули”, а упатени граѓани кои ни го испратија видеото велат дека се работи за несовесни поединци кои горат кабли и гуми за искористување на бакар.

Ова не е прв пат вакви облаци од чад да го загадуваат воздухот во Прилеп и засега никој ништо не презема за да го спречи проблемот.

(Документ) Мицкocки откpива што потпишал Beнко за болницата во Teтово: Министерството само побарало пypпанели

Во отсуство на одговори од надлежните, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски споделува информации кои ја зголемуваат одговорноста на оние кои бегаат од морална и секаква друга одговорност.

Вчера запрашав за начинот и материјалот на градба на модуларните болници. Еве и зошто. Со набавката направена од Министерството за здравство се бара монтажните болници – контејнери да бидат составени од ѕидни и кровни (PUR) панели кои се најслабо огноотпорни. Никаде не се бара да се достави атест од произведувач на било кој материјал што е вграден во модуларниве болници. Нема никаде дека обврзувачко е во самите објекти да има и планови за евакуација. Покрај тоа што не се бара елаборат (проект) за ПП заштита исто така не се бара да бидат запазени минималните барања за ПП заштита за ваков тип на објекти (здравствени установи), пишува Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Според него овие објекти спрема правилникот за заштита пожари и експлозии спаѓаат во група на објекти од категорија “Г” и за нив важи дека истите објекти мора да имаат огноотпорност од минимум 2 часа. Во реалноста, болницата во Тетово изгоре за 2 минути.

-Оттука, зошто во набавката се барале леснозапаливи PUR панели? Зошто не се барало атест за квалитет, зошто немало противпожарна заштита, и зошто она што требало во најлош случај да издржи 2 часа, изгоре за 2 минути? Сето ова ја надминува моралната одговорност. Потребна е објективна истрага, ослободена од Заев, Филипче и Хасани. Затоа оставки!, пишува Мицкоски

Ни дoaѓа пopoeн дожд и зacилен ветep: Детална вpeмeнcка пpoгноза за пpecтojниот викенд

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Времето петок ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во недела времето ќе биде сончево со умерена облачност, во планинските подрачја со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец.

Не ги пуштаат невакциниpaни во кафулињата, за битолчани тоа не е проблем, си сварија кафе на плоштадот Магнолија (Фото)

Незадоволни граѓани од Битола кои се противат на мерките за задолжителна вакцинација при посетата на угостителски објекти, пиеја кафе на плоштадот Магнолија.

Исто како и Французите во Париз, така и дел од битолчани го изразија својот револт од најновите мерки.

Си направија пикник, си сварија кафе и повикаа на нова ваква средба на 18.09 (сабота) на истата локација.

ФОТО: ИГОР ПЕТКОСКИ

На пописот досега за Бугари се изјасниле само 72 граѓани во Македонија

На пописот во Македонија што е во тек досега за Бугари се изјасниле само 72 граѓани. Ова во текст за „Фактор.бг“ го пишува поранешниот конзул на Бугарија во Софија Иван Анчев.

Ако во Македонија за Бугари се определат само 1.000 луѓе тоа би не лишило од секакви аргументи во дијалогот со властите во Скопје-искрен е конзулот.

Тој понатаму продолжува со жалбите.

Седумдесет и двајца. При 130.000 бугарски пасоши издадени од северномакедонски граѓани. Сите тие баратели на пасош кои не мора да ги наречам Бугари пред нотар се декларирале дека имале бугарска свест и пополниле декларација со неточно податоци кое потпаѓа под членот 313 од Кривичниот законик на Бугарија-се закани конзулот.