дома блог страница 1583

Победа го “наполни” Осогово: Голеада на Градски во Прилеп

На задоволство од над 2.500 гледачи попладнево на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев“ фудбалерите на Победа забележаа рекордно висока второлигашка победа совладувајќи го гостинскиот состав на Осогово со 6-0, полувреме 4-0.

Од самиот почеток на мечот црвено-белите започнаа агресивно со висок пресинг притискајќи го високо младиот и неискусен гостински состав. Ваквата игра резултираше со 3 брзи гола и висока предност од 3-0 по само 10 минути игра, а стрелци беа Бојан Спиркоски, Антонио Бошески и Петар Најдов.

Овој последниот со својот втор гол го постави резултатот на полувреме од 4-0. Во вториот дел од натпреварот домаќините го спуштија нивото и немаше некои поголеми возбудувања. Но сепак прилепските љубители на фудбалот видоа уште два погодоци.

На 5-0 зголеми Бојан Спиркоски, а голот на мечот веројатно и на сезоната во македонскиот фудбал воопшто беше дело на Давид Јошески-евро-гол од можеби 30 метри во самиот десен горен агол од гостинскиот гол, за конечни 6-0.

Победа:Котевски, Дигаловски, Стомнароски, Петкоски (од 46 мин С.Спиркоски), Бошески (од 54 мин Петејчук), Митрески, Момироски (од 70 мин Кисески-Илијоски), Ангелески, Неделков (од 54 мин Јошески), Најдов (од 40 мин Ф.Спиркоски) и Б.Спиркоски.

Резултати од 5 коло ВМФЛ-Исток:Понеда-Осогово 6-0, Беласица-Саса 0-1, Локомотива-Братство 1-0, Кит-Го-Кожѕф 1-0 и Детонит-Слога 2-1.

Табела:Саса 13, Слога 12, Победа-Беласица по 10, Кит-Го 6, Кожуф, Локомотива, Детонит и Осогово по 4 и Братство 1 бод.

Во наредното 6-то коло ќе играат: Локомотива-Победа, Братство-Кожуф, Саса-Кит-Го, Слога-Беласица и Осогово-Детонит.

Петар Димоски

Прилепските ветерани од ВМРО-ДПМНЕ сложно застанаа зад Д-р Борче Јовчески (Фото)

Ветераните од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп се обединија околу Д-р Борче Јовчески

Вчера кандидатот за градоначалник на партијата за Прилеп, оствари средба со голем број членови од Унијата на ветерани, од кои добил огромна поддршка.

-Работна средба на генералниот секретар на Унија на Ветерани Сашо Дрангов, ОК на Унија на Ветерани и координаторите на МК на УВ со кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ Прилеп др. Борче Јовчески, напиша на ФБ Кире Николоски, претседател на Унијата на ветерани за Прилеп.

(Видео) Што се крие во бунарот на пеколот?

Тим на научници од Оман одлучиле да продолжат со истражувањето на озлогласениот јеменски бунар Бархут, за кој локалното население вели дека е “затвop за дyxoви”.

“Бунарот на пеколот” е 30 метри широка дупка во пустината на источната провинција Ал Махра, а длабок е 112 метри.

Тимот на истражувачи во пештерата пронашол ендемски видови на змии, mpтви животни и пештерски накит, но ни трага од натприродните митски суштества.

Поздрав до крушевските ловџии: Цело стадо диви свињи им избега за Алданци (Видео)

Aко ова навистина е во околината на Крушево, тогаш крушевските ловџии отишле во стечај…

Во описот на видеото пишува дека е на патот од Крушево за Алданци…

Бил пpeмногy пиjaн: Познатиот xoливудски актep иcфpлен од кафуле, мислеле дека е бездомник (Видео)

Николас Кејџ бил исфрлен од ресторан во Лас Вегас, бидејќи по грешка, велат сведоците, мислеле дека е „пијан бездомник“.

„Сан“ објави снимка од персоналот на ресторанот „ Lawry’s Prime Rib “, како го исфрлаат актерот од ресторанот. Кејџ бил во алкохолизирана состојба, тврдат сведоците, а инцидентот се случил минатата недела.

Очевидци за The Sun велат дека актерот пиел виски и текила, а потоа станал борбен. На снимката се гледа како седи на каучот во леопард панталони и апостолки, а потоа почнува да вика.

“Бевме во тој бар кога забележавме момче за кое првично мислевме дека е пијан бездомник. Се однесуваше лудо. Бевме шокирани кога подоцна се покажа дека е Николас Кејџ. Тој беше целосно распаднат и се расправаше со персоналот. Беше во многу лоша состојба и шеташе бос. Персоналот ни кажа дека пие текила и виски. Викаше по луѓето и се обиде да се бори, а потоа вработените побараа да си замине”, велат сведоците.

“Беше толку пијан што едвај ги носеше апостолките пред да го испратат. На крајот, еден од гостите во ресторанот го однесе дома”, додаваат тие.

Борче е како матица: Цел Прилеп сака да го поздрави и поразговара со него (Фото)

Во пресрет на предизборната кампања се чини дека во Прилеп поддршката е на страната на Д-р Борче Јовчески.

Јовчески со себе носи позитивно расположение и енергија, а граѓаните тоа го препознаваат и насекаде му пристапуваат разговараат со него и го поздравуваат.

Не случајно анкетите му даваат голема предност од речиси 5% пред неговиот противкандидат од СДСМ, Горан Сугарески.

Д-р Јовчески е човек со висок интегритет, човек хуманист и ведар по природа. Тоа, но и неговата спремност од Прилеп да направи поубаво место за живеење за секого, е причината што можеби изборниот епилог во градот под Марковите Кули е веќе познат.

Останува да видиме дали овие предвидувања и реално ќе се исполнат на 17. октомври.

Едно поинакво виртуелно искуство: Прошетајте низ античкиот град Стибера кој се наоѓа во близина на Прилеп

3дружението “Концепт за култура” од Скопје, кое работи на промоција на културно историското наследство на Македонија, во соработка со Министерството за култура, се во процес на изработка на 40 виртуелни прошетки (20 цркви и манастири и 20 археолошки локалитети).

Една од овие виртуелни прошетки е направена во археолошкиот локалитет Стибера кај прилепско Чепигово.

Археолошкиот локалитет Бедем или античка Стибера се наоѓа 0,2 км јужно од село Чепигово.

Стибера била политички, економски и културен центар во областа Дериоп. Тој израснал во значајна градска населба со свои тела на управување и општествени јавни институции, Ефебија и Гимназион кои го креирале вкупниот економски, културен и политички живот на областа Дериоп и пошироко.

Својот процут градот го доживеал во римскиот период особено во I-II век од н.е. за време на династиите Антонини и Севери.

Животот во Стибера згаснал во втората половина на III век од н.е. одеднаш и насилно. Времето се совпаѓа со ограбувачките походи на Готите и Херулите кои во два наврати пустошеле во овие краишта (267/68 и 268/69 г. од н.е.). Во крајот на III и почетокот на IV век врз урнатините на градот се изградени скромни грдби, кои освен остатоци од огништа не се зачувани други градежни елемнти.

Прошетајте низ Стибера ТУКА

Ѕвездите ќе бидат на нивна страна: Октомври носи пapи за овие три xopocкопcки знаци

Ѕвездите велат дека октомври ќе биде поволен месец од финансиски аспект за три астролошки знаци:

Вага

Во октомври вагите имаат шанса за истакнување, јакнење на вашето влијание, ќе имате повеќе слобода во донесувањето одлуки околу работите поврзани за вашиот професионален живот и повеќе ќе ве ценат. Навистина би можеле да постигнете моќни резултати кои можат да ви донесат слава и пари. Тимската работа, соработката и партнерствата ви донесуваат удобност и предност.

Девица

Ќе бидете задоволни од соработката за време на октомври месеац. Ќе бидете успешни во работите во кои комуникацијата е клучна. На патувањата ќе имате среќа , а преговорите ќе ви донесат завидни резултати. Ќе работите на цели поврзани за домот, имотот, изградба, земјоделие и природни извори. Чекор по чекор, работите поврзани за пари стануваат се појасни во текот на октомври.

Близнаци

Многу нови прилики ви нудат можат да ја унапредите вашата кариера, ќе имате успеси во работата. Новите прилики ќе ви го донесат саканиот успех овој октомври.
Лицата во хороскопскиот знак Близнаци ќе бидат среќни и ќе имаат прилика за профиталбилни соработки, пари и поддршка во следниот период.

Има 19 години и ангелcки глac: Ангела од Битола ќе ви го paзyбави денот со оваа пpeкpacна изведба (Видео)

Ангела Лавровска е 19-годишна девојка од Битола со ангелски глас.

Од мали нозе ја сака музиката и пеењето, а низ годините се трудела да ја негува таа љубов и да го развива својот талент.

Ангела пред извесно време се натпреваруваше во музичкото талент шоу “Заблескај”, каде стигна до самото финале.

Таа неодамна направи кавер за песната “Еве ме пак” од Александра Јанева. Проектот е во соработка со Tyrion Production, музички тим кој со Ангела е од самите нејзини почетоци.

Наредна желба на Ангела е да сними своја авторска песна.

Во продолжение уживајте во нејзината изведба на прекрасната композиција “Еве ме пак”:

Меркел посети Зоолошка градина за птици и стана вистински хит на Интернет (Фото)

Германската канцеларка Ангела Меркел на социјалните мрежи се појави во опуштено изданиe во посета на ЗОО со птици во местото Марлов што се наоѓа во сојузната покраина Мекленбург во сеевроисточниот дел на Германија.

Меркел позира со шарени папагали, а кога ја фатиле за рака, канцеларката вриснала. Фотографите го фатиле токму тој момент, а фотографиите од паркот на птиците набрзо станале вирални.

Под фотографиите се појавија илјадници коментари, а некои ја споредуваат германската канцеларка ја споредуваат со Харли Квин која се појавува во американските стрипови, а некои пишуваат дека Меркел со птиците ги потсетувс жената со гулабите од филмот „Сам дома 2“.

Ангела Меркел наскоро ја завршува политичката кариера и историските 16 години на власт во Германија. Таа е толку долго на функцијата што ја нарекуваат и „вечна канцеларка“.

Иако нејзиното име се најде на листата на желби на клучните позиции во ЕУ и во Обединетите нации, Меркел најави дека по завршувањето на мандатот, целосно ќе ја напушти политиката. Запрашана на што најмногу се радува за претстојните пензионерски денови, одговори:

„Се радувам на тоа што не ќе морам стално да донесувам одлуки“.