На задоволство од над 2.500 гледачи попладнево на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев“ фудбалерите на Победа забележаа рекордно висока второлигашка победа совладувајќи го гостинскиот состав на Осогово со 6-0, полувреме 4-0.
Од самиот почеток на мечот црвено-белите започнаа агресивно со висок пресинг притискајќи го високо младиот и неискусен гостински состав. Ваквата игра резултираше со 3 брзи гола и висока предност од 3-0 по само 10 минути игра, а стрелци беа Бојан Спиркоски, Антонио Бошески и Петар Најдов.
Овој последниот со својот втор гол го постави резултатот на полувреме од 4-0. Во вториот дел од натпреварот домаќините го спуштија нивото и немаше некои поголеми возбудувања. Но сепак прилепските љубители на фудбалот видоа уште два погодоци.
На 5-0 зголеми Бојан Спиркоски, а голот на мечот веројатно и на сезоната во македонскиот фудбал воопшто беше дело на Давид Јошески-евро-гол од можеби 30 метри во самиот десен горен агол од гостинскиот гол, за конечни 6-0.
Победа:Котевски, Дигаловски, Стомнароски, Петкоски (од 46 мин С.Спиркоски), Бошески (од 54 мин Петејчук), Митрески, Момироски (од 70 мин Кисески-Илијоски), Ангелески, Неделков (од 54 мин Јошески), Најдов (од 40 мин Ф.Спиркоски) и Б.Спиркоски.
Резултати од 5 коло ВМФЛ-Исток:Понеда-Осогово 6-0, Беласица-Саса 0-1, Локомотива-Братство 1-0, Кит-Го-Кожѕф 1-0 и Детонит-Слога 2-1.
Табела:Саса 13, Слога 12, Победа-Беласица по 10, Кит-Го 6, Кожуф, Локомотива, Детонит и Осогово по 4 и Братство 1 бод.
Во наредното 6-то коло ќе играат: Локомотива-Победа, Братство-Кожуф, Саса-Кит-Го, Слога-Беласица и Осогово-Детонит.
Петар Димоски