дома блог страница 1575

Започна 55-то издание на Македонскиот театарски фестивал “Војдан Чернодрински”: Доделени наградите за животно дело

Со векови наоѓа волшебни излези од секоја ситуација. По изминатиов период, полн со, досега, непознати искушенија и предизвици, вечерва сме овде заедно. Најдобрата терапија за човештвото е токму уметноста, порача министерката за култура Ирена Стефоска која од сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков“ го прогласи за отворен јубилејниот, 55-ти Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Поради пандемијата лани не се одржа јубилејното издание.

Според Стефоска, иако маските сега се во публиката, улогите не се променети, зашто желбата и потребата да се негува духот, да се осмислува стварноста низ уметност, одново го придвижуваат светот.

–Изменети сме, но повторно сме заедно. И додека првата слика за театарот, уште од античко време, се двете маски: Талија и Мелпомени, маските се сега меѓу публиката, но улогите не се променети. Желбата и потребата да се негува духот, да се осмислува стварноста низ уметност, одново го придвижуваат светот. Со посебна возбуда и жар, повторното отворање на театрите, го враќа идентитетот на градовите, пулсот на човештвото. За тоа сте заслужни сите што сте на сцената, сите зад овие кулиси, и секако –публиката. Вашата упорност, страст и љубов во овие времиња што ги живееме, се победници во чувањето на здравиот дух и на нашето ментално здравје. „Чернодрински“ на своето отворање ни закажа „Мој термин“. Можеби и не е случајно. Најдобрата терапија за човештвото е токму уметноста, рече Стефоска од сцената на прилепскиот Центар за култура.

На свеченото отворање беа врачени наградите за животно дело на годинашниве добитници: актерите Борис Чоревски и Емил Рубен и на сценографот Крсте С. Џидров.

За добитниците посебна е честа што ги добиваат наградите токму на јубилејното 55-то издание на Фестивалот на кој со децении се присутни во бројни претстави.

-Многу ми е мило што оваа награда ја земам токму сега, на јубилејното 55-то издание на Фестивалот. Околу 30 години сум учествувал на Фестивалот и сакам да и се заблагодарам на прилепската публика која сите овие 55-години го сака, го знае и го наградува театарот. Театарот е разонода и не само во овие тешки времиња од ковидот, туку, воопшто ,во животот и многу е добро да се дојде во театар, да се гледаат претстави. Театарот е мојот живот, би рекол, и додека ме повикуваат, јас ќе играм во претстави. Се чини, театарот полека се буди од овие година и половина и многу ми е мило, изјави актерот Борис Чоревски.

Сценографот Крсте Џидров рече дека четириесетина години доаѓа на Фестивалот со сценографии за претстави. – Сум соработувал со сите македонски професионални театри и сум добивал награди. Досега сум направил вкупно 160 сценографии за претстави во земјава и надвор од неа. Посебно ми е драго што ја добив наградата за животно дело токму на јубилејниот 55-ти Фестивал. За комплетните сценографии заслужни се актерите, режисерите, зашто јас сум човек „на повик“, да направам сценографија за претстава. И голема е помошта и од техничкиот персонал за правењето на сценографијата. Тоа е тимска работа, рече сценографот Крсте Џидров.

Наградите ги врачи прилепскиот градоначалник Илија Јованоски истакнувајќи го задоволството што театарските сцени повторно се отворија, а публиката, иако според протоколите во помал број, сепак ќе го има целонеделниот празник на театарот.

Актерите од Македонскиот народен театар од Скопје ја изведоа првата претстава во конкуренцијата за награди. Публиката ја виде претставата „Мој термин“ по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева, во режија на Синиша Евтимов. Во претставата играа: Јордан Симонов, Тања Кочовска, Оливер Митковски, Николина Кујача, Александар Микиќ, Сашка Димитровска и Александар Михајловски.

Во официјалната програма на Фестивалот кој ќе трае до 8 октомври се 13 претстави на професионалните театри во земјава. Денеска на репертоарот се две претстави. Од 18 часот на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков е претставата „Вечера за глупаци“ од Францис Вебер во режија на Ирена Стеријовска, а во продукција на театар „Комедија“ од Скопје, а од 21 часот на матиччната сцена, прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ ќе ја изведе „Глембаеви“ од Мирослав Крлежа во режија на Бранко Брезовец.

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Свети Николе вети нов парк, но сликите се од Америка (Фото)

Сашо Велковски, кој во „дресот“ на СДСМ трча за нов градоначалнички мандат во Свети Николе, во својата понуда до сограѓаните вети нов градски парк, што не би било вест ако проектот не е буквално ист со тој од градот Холанд во американската држава Мичиген?!

Човекот решил да вети парк, ама немал проект за тоа, па си отишол на Google, си симнал слика од парк во Aмерика и сега ќе им го „продава“ на гласачите во Свети Николе.

Дека е ова вистина можете да се уверите ТУКА

Убава вест: Ќе има нова сезона на “Пpecпав”, се бapaaт две момчиња за нови улоги

На радост на фановите „Преспав“ ќе има уште едно продолжение, а за новата сезона во тек е пријавување за кастинг на две момчиња.

Ги бараме Ѓоко и Боко, две палави момчиња на возраст од 6 до 9 години кои ќе добијат улоги во вашата омилена ТВ серија ‘Преспав’“, објави од „Преспав“.

Која ќе биде улогата на новите ликови Ѓоко и Боко, останува само да претпоставуваме. Фановите веќе типувата дека ќе бидат синови на Коста и Ула.

Денecка е coбop на сите македонски cветители

Собор на сите македонски Светители

Првата недела од месец октомври си спомнуваме за сите македонски светители, меѓу кои се и светите солунски и сесловенски браќа Кирил и Методиј, богомудри и рамноапостолни, свети Климент Охридски, свети Наум Охридски, свети Гаврил Лесновски, свети Григориј, епископ Охридски, свети Прохор Пчински, свети Јоаким Осоговски, свети Јосиф, архиепископ Солунски, свети Агатангел Битолски, свети Георгиј Кратовски, света Кирана Солунска, свети Никита Серски, света Матрона Солунска, свети Јован Кукузел, свети Александар Солунски, свети Еразмо Охридски, свети Нектариј Битолски, свети Анастас (Спасо Радовишки), света Васа Солунска, света великомаченичка Злата Мегленска, свети Ефтимиј Солунски, свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици, свети Роман, епископ Македонски, свети Николај, архиепископ Солунски, свети Зиновиј и Зиновија Егејски, света Тесалоникија, свети Ангел Лерински, свети маченик Христо, свети Никодим Охридски, преподобен Петар Мегленски, преподобен Иларион Мегленски, преподобен Акакиј Серски, преподобен Дионисиј Костурски, преподобен Јаков Костурски, преподобен Петар Атонски, преподобен Теофил Струмички, преподобен Давид Солунски, преподобен Атанасиј Атонски, преподобен Никодим Елбасански, преподобен Јован Рилски и мноштво други кои засветиле во подвигот на овие македонски простори.

Следете во живо и навивајте за Прилеп: Вечерва се игра Пелагониското дерби (Видео)

Во рамки на 5. коло од Суперлигата, вечерва со почеток од 18:30ч. во спортската сала “Ристе Ристески – Ричко” во Прилеп, се игра пелагониско дерби помеѓу екипите на Прилеп и Еурофарм Пелистер 2!

Домашната екипа, на тренерот Горан Кузманоски, најмлада во лигата со просек од само 21 година, ќе се обиде да врзе серија успеси, по претходниот триумф на гости со РК Скопје.

Досегашниот биланс е 2 пораза и 2 победи. Голем предизвик е гостувањето на битолскиот тим кој има 1 пораз и 3 победи, така што ова е борба за место во горниот дел од табелата.

Судии на натпреварот се Димитар Георгиевски и Дејан Георгиевски, делегат Љупчо Јаневски, сите од Скопје.

Дуелот може да го проследите на следниот линк:

Дозволено е присуство на гледачи до 30% од вкупниот капацитет на салата.

Потребно ќе биде да покажете сертификат/потврда за извршена имунизација или сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена заедно со документ за лична идентификација.

Задолжитено е носење на заштитна маска.

На нашите ракометари им посакуваме многу среќа на денешниот натпревар!

Во ЦК „Марко Цепенков“ отворена изложбата „Асоцијации“ од уметницата Росица Лазеска

Синоќа во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ беше отворена изложбата „Асоцијации“ од уметницата Росица Лазеска, која се претставува со 29 цртежи.

За нејзиното творештво на отворањето говореше Викторија Димеска, историчар на уметност, која посочи дека колажните композиции на Лазеска изобилуваат со интимни сензации и автентични имагинативни форми, облици и знаци – реконструкции на внатрешни, асоцијативни и мисловни процеси.

-Ликовните структури дејствуваат автономно со динамична експресивна можност, креирајќи ја траекторијата на движења на соседните имагинативни ентитети. Делата на уметницата продираат низ процесот на свесниот разум и се врежуваат во меморијата на оној кој ја набљудува композицијата. …Исклучителноставо творештвото на Лазеска не само што се припишува на нејзината артистичка способност да создаде разнообразен ликовен јазик, туку се темели и на креативната можност да го материјализира и претстави процесот на интроспективно освестување, односно будење на себството. Во суштина, идејата за отелотворување на процесот на создавање или будење на свесноста како најинтимен процес на човековиот ум, преку ликовниот јазик, ја доближува уметницата до обидите за интерпретација на свесноста од страна на современите филозофи – посочи Димеска на отворањето на изложбата на Лазеска.

Росица Лазеска дипломира на Архитектонскиот факултет во Скопје 1986, на ФЛУ Скопје отсек графика во 1992, од кога е и член на ДЛУМ. Во периодот од 1993-1995 работи на изработка на неколку поштански марки. Добитник е на бројни награди, меѓу кои и на Гранд При на 2 – то Интернационално графичко триенале во Александрија, Египет во 1996година. Реализирала повеќе самостојни и групни изложби во земјата и во странство.

Филмот “ТРИ” на Мартин, Петар и Иван од Прилеп освои три награди на Државниот фестивал, следна дестинација Швајцарија

На Државниот филмски фестивал на аматерски филм кој се одржа во театарот “Антон Панов” во Струмица, прилепчани ги собраа речиси сите награди.

Краткометражниот филм “ТРИ” во режија на Мартин Пресилски, камера на Петар Кироваков и авторска музика на Иван Јованоски, ги освои првите три награди на фестивалот.

-Со чисто срце, креативна екипа и многу позитивна енергија до нови моменти признанија и награди! Нашиот краткометражен филм “ТРИ” ги освои првите три награди на државниот филмски фестивал на Македонија.

Прва награда за камера на Петар Кироваков
Прва награда за авторска музика на Иван Јованоски

Со што патот на делото продолжува на меѓународно ниво нa престижниот филмски фестивал UNICA кој ќе се одржи наредната година во Локарно, Швајцарија – напиша на ФБ режисерот на филмот Мартин Пресилски.

За успехот и енергијата исто така се заслужни и: Благоја Чаески, кој го дизајнираше филмскиот постер и Бојан Трајкоски, кој е асистент на монтажа.

Фотогpaфиja од центapoт на Пpилеп: Интyициja, или вepнocт кон кандидатот за гpaдоначалник?

Предизворна кампања во Прилеп…

Фотографијата која ни ја испрати наш читател е направена неделеку од строгиот центар на градот.

Интуиција, или верност кон партијата и кандидатот за градоначалник? Вашите размислувања оставете ги во коментари.

Јовчески со поддршка за пингпонгарите и сите други спортисти и клубови од Прилеп (Фото)

Кандидатот за градоначалник на Прилеп, Д-р Борче Јовчески го посети шампионот на Македонија во пинг понг екипта на Младост 96.

Пред почетокот на новата сезона во пинг понг, кандидатот за градоначалник Борче Јовчески ја посети екипата на Младост 96, им честита за освоената титула и им посака успех за наредната сезона, како и успех и на женската екипа која од оваа сезона за прв пат ќе се такмичи во првата лига.

Но, целта на посетата пред се беше да се видат условите во кои тренираат и играат пингпонгарските екипи, затоа што Прилеп има уште една екипа во Супер лигата, тоа е екипата на Младост, при што кажа дека еден од многуте планирани проекти од областа на спортот е и комплетното реновирање на пингпонгарската сала (со почетни средства од 2 милиони денари), како и санација и ставање во функција на отвореното игралиште позади салата, кое буквално сега претставува една депонија во самиот центар на градот.

Исто така тој најави санација на сите спортски игралишта во општината (оние за кои има потреба) и изградба на нови.

Д-p Лазapoв: Cитe нeвaкциниpaни ce кoцкaтe cкaпо, ќe ce пoкaeтe зa гpeшкaтa, нo дoцнa

Доктор Ненад Лазаров нa социјалите мрежи објави статус во кој вели дека сите оние кои не се вакцинирале и се разболеле, се покајале за грешката.

„Сите што не се вакцинираа и разболеа особено во последниов бран, сите се покајаа за грешката, но доцна.

Се манипулира со моментот дека и покрај вакцината можеш да се разболиш, можеш-неспорно е и гледаме,

НО, со цело свое достоинство и интегритет ве уверувам дека неспоредливо полесно поминуваат вакцинирани пациенти,тоа го гледаме на дневна база!

Вакцинирајте се веднаш, сите непрележани и невакцинирани, се коцкате скапо!

Апсурдно е стравот од вакцини да го надвладее стравот од ковид, не дозволувајте лошиот менаџмент на целата криза и катастрофален PR да ве стави во неповолна позиција каде животот ви е директно загрозен, во светот се моли за вакцини на многу места“, стои во објавата на Фејсбук.