дома блог страница 131

Утре дечињата преку забава ќе учат за оралното здравје – Повелете под Градскиот Саат

Утре, четврток (19.03.), со почеток од 12 часот, на платот под Градскиот Саат, службата за детска и превентивна стоматологија од ЈЗУ “Општа болница со проширена дејност”-Прилеп организира хепенинг за промоција на оралното здравје, под мотото”ЧЕТКАЈ-БЛЕСКАЈ”.

Настанот е дел од одбележувањето на светскиот ден на оралното здравје. Истиот е масовно поддржан со учество на учениците од основните училишта, дечињата од градинките “Наша иднина” и приватните едукативни центри од градот.

Хепенингот има волонтерско-донаторски карактер благодарение на вработените во превентивните стоматолошки тимови, директорите, наставниците, децата, донаторите и општина Прилеп.

-Голема благодарност кон сите нив. ВЕ покануваме да се дружиме, забавуваме, да учиме и да уживаме.
Дојдете, научете се за вашето орално здравје и насмевнете се со нас
– велат организаторите.

Познат противникот на Матеј Чатлески – ракавиците ќе ги судри со искусен боксер од БиХ

Професионалниот боксер и редовен студент на “Факуктет за Електротехника и Информациски Технологии” при универзитетот “Кирил и Методиј” во Скопје, прилепчанецот Матеј Чатлески, на 28. март ќе настапи во градот Бор, Србија, каде ќе ги одмери силите со искусниот боксер Милош Јанјанин од Босна и Херцеговина.

Противникот Јанјанин е официјално одобрен од промоцијата “Balkan Boxing”, што гарантира квалитетен и сериозен меч за Чатлески.

Оваа борба ќе биде испитна борба во 4 рунди, важен тест за формата и подготвеноста на македонскиот професионалец, кој чекор по чекор ја гради својата кариера на професионалната сцена.

Настанот е во организација на промоцијата “Balkan Boxing”, а главен организатор е Ненад Боровчанин.

Официјален фајт кард:

Almir Memic (SRB) VS Iago Kiziria (GE) 6 r.
Miljan Djordjevic (SRB) VS Carlos Rivero (VEN) 6 r.
Marco Maric (SRB) VS Karoly Botos (HUN) 4r.
Matej Chatleski(MKD) VS Milos Janjanin (BiH) 4r.
Matija Radovic (MNE) VS Ivan Krivacevic(SRB) 4r.
Benjamin Poturak(BiH) VS Pal Olah (HUN) 4r.

Откажани се двете атрактивни борби на српските боксери Милош Јаничич и Јован Николич .

Љубителите на боксот ќе можат да ги проследат борбите во живо на Arena Fight TV.

Николоски: “Пристигна првиот авион од Братислава на охридскиот аеродром, нови туристи и нови можности”

Од денеска граѓаните ќе можат директно да летаат од охридскиот аеродром до Братислава, а веќе од 29 март од Охрид до Милано. Овие авиолинии значат нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата, напиша на својот фејсбук профил утрово вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Попладнево првиот авион од Братислава пристигна на Охридскиот аеродром “Апостол Павле”.

-Првиот лет од Братислава денеска пристигна на охридскиот аеродром. Нови туристи и нови можности за Охрид и охридскиот регион, напиша предмалку Николоски.

(ФОТО) Лоцирани од граѓани, а проблем за Прилеп – Работат ли службите?

Во голем број улици низ Прилеп можат да се забележат напуштени, хаварисани и неупотребливи возила кои со месеци, па дури и со години, стојат паркирани на тротоарите и јавните површини.

Овие автомобили не само што го нарушуваат изгледот на градот, туку претставуваат и сериозен безбедносен проблем, бидејќи пешаците – меѓу кои има деца, постари лица и родители со колички – често се принудени да се движат по коловозот.

Дополнително, велосипедистите и лицата со инвалидитет се соочуваат со уште поголеми потешкотии, бидејќи тротоарите кои треба да бидат безбедна пешачка зона се блокирани со нефункционални возила.

Граѓаните апелираат до надлежните институции, пред сè до Општина Прилеп и сообраќајната полиција при Министерство за внатрешни работи, да преземат мерки за отстранување на ваквите возила и да се воспостави ред на јавните површини.

80.000 – ВИ БЛАГОДАРИМЕ! Маркукуле продолжува да расте, нашата публика наша огромна мотивација

Почитувани читатели, пријатели и поддржувачи,

Со огромна благодарност и гордост ве известуваме дека нашата Фејсбук заедница од денеска брои над 80.000 следбеници!

Оваа бројка за нас не е само статистика – туку 80.000 причини да продолжиме уште посилно, пообјективно и поблиску до граѓаните!

Повеќе од една деценија www.markukule.mk е медиум кој секојдневно ја пренесува вистинската слика за случувањата во Прилеп и регионот – со вести, приказни, култура, спорт и информации кои се важни за заедницата.

🙏 Вашата доверба е нашата најголема мотивација!

Благодарение на вас, порталот прерасна во еден од најследените локални медиуми во Македонија.

📣 Отворени сме за нови соработки!

Доколку сте:

• компанија
• сопственик на мал бизнис
• угостителски објект
• продавница или бренд
• организатор на настани

👉 Markukule.mk е вистинското место каде вашиот бренд може да стигне до десетици илјади луѓе секојдневно.

Преку нашата платформа нудиме:

✔ промотивни објави
✔ спонзорирани текстови
✔ рекламирање на социјални мрежи
✔ промоција на настани и бизниси
✔ директна комуникација со локалната публика

📩 Побарајте не’ на: [email protected] 

или на тел.бр. 071 684 973

Уште еднаш – ОГРОМНА БЛАГОДАРНОСТ на сите 80.000 следбеници!

Продолжуваме заедно – уште посилно, уште погласно и уште поблиску до народот.

Вашиот портал – Markukule.mk

Да си дочекаме и за Прилеп – Со 300.000 евра ќе се уредува комплетно речното корито во Марена (ФОТО)

Ќе се уредува комплетно речното корито во селото Марена, денеска беше кажано дека семејството на бизнисменот Орце Камчев, чиј татко има потекло од ова село, ќе донира околу 300 илјади евра за реализација на овој проект.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев рече дека е ова еден од клучните и значајните проекти за селото Марена.

Камчев истакна дека иницијативата била на градоначалникот.

Ние како семејство сме среќни што можеме да го донираме овој проект во родното село на мојот татко, подвлече Камчев.

Претседателот на Совет на Општина Кавадарци, Стојанче Рамов потсети на тоа што го велат старите, дека каменот си тежи на местото.

Апел до сите наши влијателни фамилии кои потекнуваат од нашиот крај, да го следат овој чекор, порача тој.

Kривична за крушевчанец за незаконит лов

-ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.З.(61) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“. На ловен терен во атарот на кичевското село Староец, пријавениот ловел и извршил испукување од лично огнено оружје-ловечки карабин „Маусер“ калибар 7,9 милиметри, без да поседува дневна дозвола од концесионерот – информираат од МВР.

“Дарувај крв, спаси живот” – Утре крводарителска акција во општина Прилеп

Утре во Прилеп ќе се одржи крводарителска акција во организација на Црвениот крст и Општина Прилеп.

Сите хумани граѓани кои се во добра здравствена состојба се повикуваат да се вклучат и со својот гест да помогнат да се спаси нечиј живот.

📍 Локација: Општина Прилеп
📅 Датум: 18.03.2026 (среда)
⏰ Време: 09:00 – 14:00 часот

Една донација крв може да спаси повеќе животи. Покажете хуманост – дарувајте крв!

Кога љубовта кон милениците станува професија – нов grooming салон во Прилеп каде вашиот крзнен пријател ќе добие кралски третман (Фото/Видео)

Ново омилено катче за вашите најмили крзнени пријатели во нашиот град!

Добредојдовте во Shiny Sky, сосема ново и поинакво место каде што љубовта, трпението и грижата се на прво место.

Тука grooming-от не е само стрижење и фризура, туку целосна нега на миленичето – затоа што неговото здравје и благосостојба се најважни.

Нудат комплетни услуги: капење, стрижење, сечење нокти, средување на ушиња и санитарни делови – сè што му е потребно на вашето куче да изгледа и да се чувствува прекрасно.

-Нашата цел е секое милениче да се чувствува сигурно, опуштено и згрижено. Со внимателен пристап и професионална нега, се грижиме вашето куче да изгледа убаво, но и да биде здраво и негувано. Grooming-от е важен дел од здравјето на милениците – редовната нега помага за здрава кожа, чисто крзно и подобра хигиена, велат од Shiny Sky Grooming Salon.

Доколку сакате вашето куче да добие професионална нега во пријатна и безбедна атмосфера, слободно контактирајте и закажете термин.

Ќе ги најдете на ул. “Ладо Лапецот” во Точила Mini Mall.

За закажување термин, пишете им на фан страните на ФЕЈСБУК и ИНСТАГРАМ или јавете се на телефонскиот број: 075 306 312

 

Николоски: Од денеска директна авиолинија Охрид-Братислава, а од 29-ти март нова авиолинија од Охрид до Милано

Од денеска граѓаните ќе можат директно да летаат од охридскиот аеродром до Братислава, а веќе од 29 март од Охрид до Милано. Овие авиолинии значат нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата, напиша на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

-Од денеска, 17-ти март, граѓаните директно можат да летаат од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид до Братислава. Веќе од 29-ти март воведуваме уште една линија од охридскиот аеродром директно до Милано. Овие авиолинии значи нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата. Развојот на авиосообраќајот претставува еден од врвните приоритети на Владата и Министерството за транспорт. Преку конкретни политики и мерки, континуирано работиме на унапредување на цивилниот авиосообраќај со што овозможивме значително проширување на мрежата на дестинации, објави вицепремиерот Николоски.

Николоски порача дека како Влада остануваат силно посветени на унапредување на авиосообраќајот заради развојот и поврзување на Македонија со големите центри.