дома блог страница 1160

Денеска заврши законската обврска за зимска опрема

Од денеска не е задолжително да се носи зимска опрема во возилата.

Законската обврска завршува доколку не биде донесена вонредна мерка за нејзино продолжување што зависи од временските услови.

Според законот за сообраќај на патиштата зимска опрема во возилата е задолжителна во периодот од 15 ноември во претходната година до 15 март во тековната година.

Силна екcплозиja ги вознемири жителите на најголемата прилепска населба

Маркукуле дознава дека денеска околу 11 часот во Територијалната противпожарна единица Прилеп, примена е пријава за запален стан и експлозија во населба Точила, при што веднаш на лице место била испратена екипа.

Пожapникapите потоа утврдиле дека не станува збор за пожap, туку за екcплозиja предизвикана од грејно тело – парно.

Од силината на звукот се вознемириле жителите од околните згради, како и учениците од средното училиште “Ристе Ристески -Ричко”.

За среќа од екcплозијата е причината само материјална штета во станот во зградата Ц3, односно искршени прозорци и оштетена покуќнина.

Апceње во нacелба “Точила” во Прилеп: Кај 22-годишен прилепчанец пронајдена мaриxyaна

На 14.03.2023 во нас.„Точила“ полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.Р.(22) од Прилеп, бидејќи кај него била пронајдена марихуана.

Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од ОВР Прилеп.

ВМРО-ДПМНЕ: Смрди – корне на корупција, фирма за долна облека ќе врши надзор врз изградбата на коридорите

Ковачевски и Груби се што кажаа во одбрана на криминалниот тендер за надзор на изградбата на коридорите 8 и 10Д, се излажаа. А, народот вели, кој лаже тој и краде.

Фактите целосно ги побија нивните невистини.

Груби и Ковачевски уверуваа дека странски експерти ќе го водат надзорот, а се испостави дека македонските контроверзни фирми „Електра Солушн“ на Ампови и „Евро консалтинг“ (на криминалецот баран со потерница Бранимир Димитријевиќ) ќе добијат 70% од мрсниот тендер. Односно од 22 милиони евра „Електра Солушн“ ќе земе 8.2 милиони евра, а фирмата на криминалецот баран со меѓународна потерница Бранимир Димитријевиќ ќе наплати 7.1 милион евра.

Власта уверуваше дека компаниите се реномирани, а „Електра Солушн“ добила лиценца за надзор во време пред истекот на рокот на јавната набавка и од долгогодишно искуство единствено може да се пофали со шиење на долна облека.

Груби и екипата избрале фирма за долна облека да врши надзор на изградба на автопати во Македонија. Тоа доволно говори само по себе.

Дополнително, наместо мноштво реномираните странски експерти за надзор се сведоа само на 5 лица, од кои 4 од регионот, а дел од нив и со македонско потекло. Секоја лага им падна во вода исто како што лажеа за новиот менаџмент на „Ептиса“, па се испостави дека е компанија со непроменет кинески менаџмент од 2016-та, лажеа за реномето, а се испостави дека за истата влада на СДС и ДУИ дале лоша референца за нив и препорака да не се соработува, лажеа дека Бранимир Димитријевиќ нема никаква врска со сопственоста на една од фирмите во конзорциумот, па се испостави дека компанијата е уште поврзана со него и уште еден тон лаги од оваа власт на Ковачевски и Груби.

Јавното обвинителство за ова не смее да молчи и да бега. Ислам Абази нека не се крие и нека покрене постапка. Ова смрди – корне на корупција и наместен тендер.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Министерството по 30 години не ги поддржа, но “Мал Битолски Монмартр” ќе се одржи, со донации, па и со кредит ако треба

На седница на Меѓународниот управен одбор кој е задолжен да ја следи реализацијата на 42-рото издание на светската детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр” донесен е предлог кој е доставен до организаторот Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола за одржување на оваа манифестација од глобални рамки.

Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола оваа 2О23 година слави 55 години од своето основање при кое примарна цел ја има бесплатната едукација на млади ликовни уметници и таленти при што само за учебната 2О22/2О23 година во студиото членуваат над 18О ученици.

По одлуката на Министерството за образование и наука по 3О години без писмено Решение и образложение да ја прекини поддршката што генерираше со финансиска криза која трае 9 месеци во прашање беше донесена работата на студиото, но и реализацијата на проектите по кои таа е препознатлива.

Управниот одбор на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола на Седница ја разгледа финансиската состојба – најавите за финансиска поддршка од Општина Битола компаративно со резултатите од Годишниот Конкурс на Министерството за култура кое додели 24О.ООО денари за двете манифестации при што се констатира дека тие средства не покриваат ни 2О% од целокупните потребни за реализација по што се прегледаа најавите за донации но и евентуално земање на наменски кредит.

Беа претставени и извештаи од средбите со челниците на УНЕСКО но и Еврокомесарот за култура – образование – наука – спорт и млади.

Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола со тоа на УО донесе Одлука со која ќе ги реализира 41 светска детска ликовен конкурс и изложба “Битола” и 42 издание на светската детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр”.

Воедно беше контатирано дека заклучно со 15 март 2О23 година на светскиот детски ликовен конкурс “Битола” пристигнал 65О пратки од 71 држава кои генерирале фонд од над 44.ООО детски ликовни цртежи од над 38.ООО ученици од цел свет.

Беше потврдена првичната Одлука за “Мал Монмартр Битола” да се поканат 25 екипи од 22 држави од Јапонија – Индија – Кина па се до Словачка – Турција – Португалија – Бугарија – Србија и Израел.

Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола со ова ги најавува и претстојните прес конференции. Една на почетокот на април за соопштување на резултатите – следната на 2О мај пред почетокот на МБМ и првата седница на Меѓународниот управен одбор за МБМ која ќе се реализира во Битола на 24 мај 2О23 година.

Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола само во првите три месеци од 2О23 година од три светски детски ликовни конкурси освои над 3О награди од кои 15 од УНЕСКО – Франција а последните се од Светскиот детски ликовен конкурс и изложба на млади ликовни таленти и уметници во Нова Загора – Бугарија каде наградени се: Матеј Јаневски 9 години – Јана Сивакова 9 години и Сара Наумовска 14 години.

Повик до сите граѓани кои се во можност да помогнат во доизградбата на манастирскиот конак во прилепско Загорани

Одборот при манастирот Св.Никола с.Загорани прилепско во идниот период превзема активности за доизградба на манастирскиот конак (соби за престој на 2 спрат над трпезаријата).

За оваа активност се повикуваат сите добронамерни луѓе да се приклучат за учество со работна рака или со донација на финансиски средства или градежни материјали.

Однапред Ви Благодариме и со молитвите на СВ. Никола се надеваме дека заеднички ќе допринесеме за овој наш храм!!!

Пријавување, контакт и информации кај Потпретседател на одборот Марјан Мицкоски 071705915, Секретарот Ицко Дамчески 075/545-010.

Тестенините од утре поевтинуваат за 15, млечните производи за 10%

Тестенините од утре треба да поевтинат за 15 отсто, а млечните производи за 10 проценти. Нивните цени се намалуваат согласно со одлуката што Владата ја донесе минатата недела.

Со одлуката, од тестенините опфатени се макароните и шпагетите. За нив, од 13 март до 31 мај годинава се укинати увозните царински давачки. Само со укинување на царината, според пресметките на Владата, нивната цена се намалува за осум до девет денари во просек во малопродажба. Од Владата очекуваат намалувањето да биде и поголемоДо 31 мај ќе биде во сила и одлуката за замрзнување на цената на млечните производи: трајно кравјо млеко со 2,8, 3,2 и 3,5 отсто масленост, урда, кравјо и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера соопшти дека при крај се и анализите кои треба да покажат дали ќе бидат замрзнати цените на шеќерот, јајцата и оризот.

-Владата ќе причека анализите да стигнат официјално од Министерството за економија, за да се продискутираат, изјави Битиќи по средбата со претставници на Германското стопанство.

Според Битиќи, засега е многу мало намалувањето на цените на тестените и млечните производи, но од утре тие треба да бидат пониски за 15, односно 10 проценти.

-Намалувањето е многу мало, но реакциите се позитивни дека на 16 март сите веќе ќе имаат намалени цени, според она што беше дефинирано. Секако на 16-ти март, производите ќе стигнат до цената која е зададена, не гледаме дека нема волја од другата страна, рече Битиќи.

Одлуките за замрзнување на цените, како што нагласи вицепремиерот, не се носат за да се наштети некому, туку за доброто на сите граѓани.

-Секоја мерка се носи за добро на граѓаните. Не сакаме да нанесеме штета со воведување мерки „од денеска за утре“ зашто сме свесни дека одредени суровини се со одредена цена. Затоа дадовме временски период од скоро една недела, за компаниите да потрошат одредени залихи и да почнат со замрзнати, пониски цени. Секоја мерка се носи за доброто на граѓаните, притоа не сакаме да нанесеме штета никому зашто заеднички настапуваме во периодот на криза за да излеземе од неа, изјави Битиќи.

Од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) најавуваат дека ќе излезат на терен и ќе постапуваат веднаш по стапувањето во сила на одлуките на Владата. Казните за непочитување на одлуките изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор.

На 28 февруари годинава Владата ја замрзна и цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари. Пекарската индустрија по неколкудневен прекин на производството и испораката повторно почна да доставува леб, но најави дека ќе поведе правна постапка за наплата на штетата од владината одлука која на месечно ниво, според нивните проценки, изнесува над 1,5 милиони евра.

Според официјалните статистички податоци, трошоците на животот во февруари годинава во однос на февруари лани бележат зголемување од 16,7 проценти, а цените на мало од 12,4 проценти.

Во петок крводарителска акција во општина Прилеп

По повод Меѓународниот ден на крводарителството, 17-ти март, општина Прилеп во соработка со Црвениот крст на Република Македонија – Општинска организација Прилеп, организира крводарителска акција.

Крводарителската акција ќе се одржи од 09:00 до 14:00 часот во просториите на општина Прилеп.

Се повикуваат сите граѓани кои се во можност да даруваат крв и да спасат нечиј живот.

Не постои фабрика за кошеви која може да произведе толку колку што поединци во Прилеп можат да искршат – ФОТО

Во ООУ “Гоце Делчев” Прилеп од неодамна се изведуваат градежни работи за уредување на училишниот двор и спортската инфраструктура, но дали вреди да се трошат пари поради поединци кои уништуваат се што вреди, или пак крајно време е да се постават камери на секој чекор, за да се “ловат” ваквите сторители.

Во дворот на училиштето не постои здрава табла за играње баскет, сето тоа поради неизживеаноста на поединци.

Не бре каква ти Европска Унија, нас вака не не примаат ниту во сојуз на африкански држави…

Топлото време ги врати и пред Благовец: Штрковите се вратија во своите домови во прилепско (ФОТО)

Големите штркови гнезда, поставени долж патиштата, високо на електричните столбови се честа слика речиси низ сите делови на држвата од рана пролет па се до последните топли денови во есента.

Враќањето на штрковите меѓу јавноста во Македонија се смета за неофицијален почеток на пролетта. Тие, заедно со ластовичките се првите знаци дека ладните зимски месеци завршуват и почнува новата сезона.

Иако нивното враќање во нашите краишта народски се поврзува со празникот Благовец, низ Пелагониските села веќе може да се види нивното присуство.

Фотографиите се од денеска од прилепско Беровци, каде овие благородни птици веќе се вратени во своите домови.