дома блог страница 110

ФФМ покрена дисциплинска постапка против Вардар за недоличната прослава на титулата

ФФМ на својата официјална страница ги објави казните за клубовите кои се изречени од Дисциплинската Комсија, а во кои стои дека се покренува Дисциплинска постапка против Вардар поради недолични, дискриминирачко и деградирачко прославување од страна на фудбалерите на тимот. За постетување претседателот на клубот, Миленко Неделковски на социјалните мрежи сподели видео на кое речиси голем од клубот пее недолична песна против нашата музичка ИКОНА, Каролина Гочева, а потоа истиот човек навреди нова припадничка од женскиот пол, правејќи нов голем прекршок, кој во светот на спортот, особено во ФИФА и УЕФА никогаш не се простувал.

Ви ги споделуваме одлуките на Дисциплинската комисија, а ги има многу:

– Се поведува дисциплинска постапка против ФК Вардар поради недолично, потценувачко, дискриминирачко и деградирачко прославување од страна на фудбалерите на клубот;

– ФК Пелистер се казнува со парична казна од 2.500 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 26. коло меѓу ФК Пелистер и ФК Вардар.

– ФК Вардар се казнува со парична казна од 1.000 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 26. коло меѓу ФК Пелистер и ФК Вардар.

– ФК Шкендија се казнува со парична казна од 5.000 евра поради навредливо скандирање кон ФФМ и скандирање со националистичка содржина на натпреварот од 31. коло меѓу ФК Шкендија и ФК Струга Трим Лум.

– ФК Вардар се казнува со парична казна од 2.500 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 31. коло меѓу ФК Вардар и ФК Силекс.

– Шкендија Арачиново се казнува со парична казна од 1.000 евра поради користење пиротехнички средства и влегување на претседателот на клубот на теренот за игра на натпреварот од 28. коло меѓу ФК Брегалница 2008 и Шкендија Арачиново.

– Осогово Кочани се казнува со парична казна од 300 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 24. коло меѓу ФК Осогово и Шкендија Арачиново.

– ФК Детонит Плачковица се казнува со парична казна од 150 евра поради фрлање шише со вода на теренот на натпреварот од 25. коло меѓу ФК Детонит Плачковица и ФК Брегалница 2008.

– ФК Каменица Саса се казнува со парична казна од 150 евра поради фрлање шише со вода на теренот на натпреварот од 24. коло меѓу ФК Каменица Саса и ФК Охрид Лихнидос.

– Фудбалерот на ФК Шкендија, Имран Фетаи, се казнува со парична казна од 500 евра поради недолично однесување, односно кршење врата по завршување на натпреварот од 30. коло меѓу ФК Силекс и ФК Шкендија.

– Шефот на стручниот штаб на ФК Шкендија, Јетон Беќири, се казнува со парична казна од 500 евра поради недолично однесување, односно вербален напад врз припадници на МВР по завршување на натпреварот од 30. коло меѓу ФК Силекс и ФК Шкендија.

– ФК Брегалница 2008 се казнува со парична казна од 5.000 евра поради слаба организација, присуство на неслужбени лица и недозволен број редари на натпреварот од 28. коло меѓу ФК Брегалница 2008 и Шкендија Арачиново.

– ГФК Тиквеш 1930 се казнува со парична казна од 5.000 евра поради истакнување банер со навредлива содржина кон ФФМ на натпреварот од 30. коло меѓу ГФК Тиквеш 1930 и ФК Аресими 1973.

– ГФК Тиквеш 1930 се казнува со парична казна од 5.000 евра поради користење пиротехнички средства и топовски удари, како и попречување на камерман при вршење директен пренос на натпреварот од 30. коло меѓу ГФК Тиквеш 1930 и ФК Аресими 1973.

Два дена концерти на три локации во Прилеп – Уживање за сите генерации, а ќе настапат 300 ученици

Општинското основно музичко училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“ од Прилеп со прекрасна иницијатива. Оваа недела училиштето ќе организира серија концерти на отворено низ градот, каде учениците ќе покажат што научиле од своите ментори.

Наместо традиционалниот годишен концерт во ЦК „Марко Цепенков“, учениците ќе настапат на повеќе локации под мотото „2 дена на 3 локации“, носејќи ја музиката поблиску до граѓаните. Во дводневната програма ќе учествуваат околу 300 ученици од сите класи и инструменти.

СРЕДА 20.05.2026
17:00 ч Градски часовник
17:15 ч Камена бина
17:30 ч Парк кај судот

ЧЕТВРТОК 21.05.2026
17:00 ч Градски часовник
17:00 ч Камена бина
17:00 ч Могила на непобедените (амфи театар)

Лишени од слобода двајца возачи во Прилеп кои управувале возила без возачка дозвола

Полициски службеници од ОВР Прилеп лишија од слобода две лица кои управувале возила без поседување возачка дозвола.

При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „рено” со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал 44 годишен жител на селото Желино и по извршени проверки било констатирано дека го управувал без возачка дозвола.

На ул.„Велко Јанкулоски Стариот“ го лишиле од слобода 40 годишен прилепчанец. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „хјундаи” со прилепски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по извршени проверки било констатирано дека го управувал без возачка дозвола.

По целосно документирање на настаните ќе следува соодветна пријава.

ЈКП „Водовод“ – Битола со нови проекти за модернизација и дигитализација

ЈКП „Водовод“ – Битола активно се вклучува во процесите за модернизација и унапредување на комуналните услуги преку учество во проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во Република Македонија“, финансиран од Владата на Швајцарија, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, како и општините и комуналните претпријатија вклучени во проектот.

Во рамки на проектот, ЈКП „Водовод“ – Битола достави повеќе проектни предлози и инвестициски мерки насочени кон подобрување на ефикасноста, одржливоста и квалитетот на услугите што ги обезбедува претпријатието.

Планираните активности опфаќаат модернизација на системите за мониторинг и управување, намалување на загубите на вода, подобрување на енергетската ефикасност, надградба на SCADA системот, имплементација на современа мерна и контролна опрема, како и дигитализација на деловните и оперативните процеси.

Со овие мерки, ЈКП „Водовод“ – Битола продолжува со инвестиции во современи и одржливи решенија, со цел обезбедување поквалитетни, поефикасни и посигурни услуги за граѓаните.

По 52. пат на камена бина во Прилеп и на Рудина во Долнени, викендов ќе се одржи Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“

Прилеп и Долнени повторно ќе бидат во знакот на македонската традиција, изворната песна и звуците на народните инструменти со 52. издание на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“.

Годинашното издание на фестивалот ќе се одржи на 22 мај (петок) во Прилеп и на 23 мај (сабота) на Рудина во Долнени, каде што се очекува настап на повеќе од 250 изведувачи од сите краишта на Македонија.

Свеченото отворање е закажано за петок од 18 часот пред Камената бина на плоштадот „Александрија“ во центарот на Прилеп, додека втората фестивалска вечер ќе се одржи во сабота од 18 часот на традиционалната сцена на Рудина, Долнени. Во случај на несоодветни временски услови, првата фестивалска вечер ќе се одржи во Големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Фестивалот „Пеце Атанасовски“ повеќе од пет децении претставува чувар на македонскиот изворен мелос, традиционалната песна и свирењето на гајда, кавал, тапан и кемане, пренесувајќи го богатото културно наследство на новите генерации.

Во рамки на фестивалот, на 20 и 21 мај во спомен-куќата на фестивалот во Долнени ќе се реализира и работилница за изучување на изворниот мелос, наменета за млади љубители на традиционалната музика.

И оваа година ќе бидат доделени награди за најуспешните учесници, а најдобриот гајдаџија ќе ја добие престижната награда „Гајдата на Пеце“, која ја доделува Општина Долнени.

Градоначалникот наздрави заедно со матурантите: “Бидете горди на сè што постигнавте досега и продолжете самоуверено по патот што сте го избрале”

Градоначалникот на Крушево, Нико Чонески, беше дел од одбележувањето на еден од најважните денови за матурантите, забавата по повод завршувањето на средното образование.

Во пријатна атмосфера, исполнета со насмевки, позитивна енергија и убаво расположение, матурантите заедно со градоначалникот го прославија крајот на едно важно животно поглавје и почетокот на новите предизвици што ги очекуваат.

Чонески им посака многу успех, среќа и храброст во остварувањето на нивните соништа, порачувајќи им да бидат горди на сè што постигнале досега и самоуверено да чекорат по патот што го избрале.

„Младите се иднината на Крушево и нашата најголема надеж. Верувам дека секој од нив ќе продолжи да создава успеси со кои сите ќе се гордееме“, порача градоначалникот.

Од денес, правилата за добра забава во Прилеп се менуваат! Неограничена пијачка по специјална цена, ова е новиот хит за престојното лето

Подготвени сте за новото искуство во ПРИЛЕП?

Од денес, секој ден во PUB CLUB TERASA ве очекува атмосфера каква што одамна му недостасуваше на градот!

За што точно станува збор?! Како никаде досега во Прилеп, TERASA подготви карта на пијалоци за одлична дружба. Ваше е да одберете убави луѓе и да уживате во 3 часа неограничено пиење, одлична музика, добра енергија и забава.

За сите љубители на добрата дружба и квалитетниот пијалак, тука е понудата за неограничено пиење за 1100 денари, каде што ве очекуваат пива, вина и жестоки пијалоци без ограничување!

Дамите пак, имаа уште една можност! ТЕРАСА подготви специјален „Ladies Special“ пакет. За само 700 денари уживајте во омилените коктели без лимит! Mojito, Margarita, Tequila Sunrise, Blue Lagoon, Aperol Spritz, Sex on the Beach и уште многу освежителни вкусови ќе бидат дел од вашата вечер.

И тоа не е сѐ! За секои две лица следува и бесплатно мезе, затоа што вистинската забава оди со добра храна и уште подобро друштво!

Секој ден е вистински ден за излегување во PUB CLUB TERASA, место каде што музиката е гласна, чашите секогаш полни, а атмосферата незаборавна!

Секој ден | Во траење од 3 часа

Резервирај навреме и уживај БЕЗ ЛИМИТ!

А за престојниот викенд, ТЕРАСА ве кани на две нови незаборавни вечери, заедно со:

МЕТРОПОЛИС БЕНД во ПЕТОК, 22.05.

LOCKDOWN BAND во САБОТА, 23.05.

Карате клуб Феникс oд Прилеп со најмногу освоени медали на турнирот “Солидарност Опен 2026”

На 17.05.2026 се одржа XXIV традиционален интернационален карате турнир “Солидарност Опен 2026”. Прилепскиот карате клуб Феникс беше помеѓу 50 клубови од Македонија, Србија и Албанија, и го доби ПРВОТО место во вкупен пласман. Андреа Чочева со освоени 4 златни медали и остварени 10 победи без пораз беше прогласена за најдобар натпреварувач во кати.

Освоени медали:

1.Јаков Сиљаноски – 🥇 2018
2.Јаков Сиљаноски – 🥇ката тим 2019+
3.Јосиф Ѓорѓиоски – 🥇 ката тим 2019+
4.Ева Момироска – 🥇ката тим 2019+
5.Ева Момироска – 🥇 2018
6.Филип Спиркоски – 🥇 ката тим 2017
7.Стефан Петрески – 🥇 ката тим 2017
8.Максим Смугрески – 🥇 ката тим 2017
9.Георгиј Бакаров – 🥇 2016 I ниво
10.Сергеј Ѓуриќ – 🥇 2016 II ниво
11.Сергеј Ѓуриќ – 🥇 2016 III ниво
12.Јована Конеска – 🥇 2015 III ниво
13.Јована Димитриоска – 🥇ката тим 2015/16
14.Јована Конеска – 🥇ката тим 2015/16
15.Андреа Чочева – 🥇ката тим 2015/16
16.Јована Димитриоска – 🥇ката тим 2013/14
17.Јована Конеска – 🥇 ката тим 2013/14
18.Андреа Чочева – 🥇ката тим 2013/14
19.Антонио Нунески -🥇2014 II ниво
20.Димитар Јанески – 🥇 2015 II ниво
21.Андреа Чочева – 🥇2016 II ниво
22.Андреа Чочева – 🥇2016 III ниво

23.Максим Смугрески – 🥈 2017 II ниво
24.Мила Билбилоска – 🥈 2016 I ниво
25.Ева Момироска – 🥈ката тим 2019
26.Анастасија Јанеска – 🥈ката тим 2019
27.Јаков Сиљаноски – 🥈ката тим 2019
28.Анастасија Јанеска – 🥈 2018
29.Михаил Петанчески – 🥈тим јуниори М
30.Јована Богојовска – 🥈 тим јуниори М
31.Леонид Стеваноски 🥈 тим јуниори М
32.Јована Димитриоска – 🥈 2015 II ниво
33.Леонид Стеваноски – 🥈тим јуниори ж
34.Сара Петанческа – 🥈тим јуниори ж
35. Јована Богојовска – 🥈тим јуниори ж
36.Сергеј Ѓуриќ – 🥈ката тим 2015/16
37.Димитар Јанески – 🥈ката тим 2015/16
38.Горазд Мантароски – 🥈ката тим 2015/16
39.Матеј Трајкоски – 🥈 2014 I ниво
40.Антонио Нунески – 🥈 2013 II ниво
41.Филип Момироски – 🥈2016 II ниво

42.Јосиф Ѓорѓиоски – 🥉 2018
43.Иринеј Стеваноски -🥉2018
44.Филип Спиркоски – 🥉2017
45.Стефан Петрескуи – 🥉2017
46.Мила Билбилоска – 🥉 2016 II ниво
47.Ненад Спиркоски – 🥉2013 II ниво
48.Флора Ристеска – 🥉2013 II ниво
49.Ненад Спиркоски – 🥉ката тим 2013/14
50.Флора Ристеска – 🥉ката тим 2013/14
51.Матеј Трајкоски – 🥉ката тим 2013/14
52.Филип Момироски – 🥉ката тим 2015/16
53.Доротеа Стојаноска – 🥉ката тим 2015/16
54.Ненад Гоцевски – 🥉ката тим 2015/16
55.Антонио Нунески – 🥉ката тим 2013/14
56.Сергеј Ѓуриќ – 🥉ката тим 2013/14
57.Димитар Јанески – 🥉ката тим 2013/14
58.Јована Конеска – 🥉2015 II ниво
59.Јована Димитриоска – 🥉2015 III ниво
60.Димитар Јанески – 🥉2015 III ниво
61.Антонио Нунески – 🥉2014 III ниво
62.Леонид Стеваноски – 🥉 јуниор
63.Доротеа Стојаноска – 🥉2016 III ниво
64.Доротеа Стојаноска – 🥉2016 II ниво
65.Сара Петанческа -🥉јуниорки
66.Јована Богојовска – 🥉јуниорки
67.Горазд Мантароски – 🥉2016 II ниво
68.Горазд Мантароски – 🥉2016 III ниво
69.Матеј Темелкоски -🥉2016
70.Дамјан Стојковски – 🥉 2016

Николоски: Одлична вест за македонските транспортери

Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави дека во Хрватска е усвоен Закон со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи.

“Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи.
Тоа е чекор напред во решение на проблемот кој произлезе со воведување на ЕЕС системот во Шенген зоната. Овој закон многу ќе помогне на македонските професионални возачи. Ова е реализација на договорот што го направивме со вицепремиерот и министер Олег Бутковиќ во Јануари годинава. Швајцарија веќе издава долгорочни визи. Очекуваме и други држави да се приклучат. Продолжуваме кон конструктивни решенија за нашите професионални возачи”
– објави вицепремиерот Николоски.

Прилеп оставен за следниот Извршен – ВМРО -ДПМНЕ се екипира! Ова се новите претседатели на општинските комитети

На синоќешната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, беа донесени повеќе кадровски решенија за претседатели на општинските комитети на партијата. Дел се нови лица кои ќе внесат свежина во местата од каде доаѓаат, а останатиот дел се актуелни и докажани претседатели кои донесоа големи победи на изминатите изборни циклуси, но и големи позитивни промени во локалните самоуправи, информираат од владеачката партија.

-На вечерашната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, за нов портпарол на партијата е избран Валентин Манасиевски. Манасиевски е долгогодишен активист на ВМРО-ДПМНЕ, кој својот партиски активизам го има започнато во структурите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Има завршено високо образование на Филозофскиот факултет при УКИМ, а моментално е мастер студии на УГД во Штип. ВМРО-ДПМНЕ со овие кадровски решенија ја гради иднината на државата, како на локално, така и на централно ниво, стои во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Во прилог, новите претседатели на општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

ИЕ 1

1. ОК Карпош – Тони Јаревски

2. ОК Кисела Вода – Иван Живковски

3. ОК Македонски Брод – Бисера Златеска

4. ОК Аеродром – Дејан Митески

5. ОК Центар – Сергеј Попов

6. ОК Сопиште – Јане Мицевски

7. ОК Студеничани – Кенан Абди

8. ОК Сарај – Мартин Стојановски

ИЕ 2

1. ОК Чаир – Ѓоко Велковски

2. ОК Бутел – Дарко Костовски

3. ОК Чучер Сандево – Зоран Бајовски

4. ОК Гази Баба – Зоран Коцевски

5. ОК Куманово – Филип Филиповски

6. ОК Старо Нагоричане – Ивица Димковски

7. ОК Ѓорче Петров – Бојан Стојаноски

8. ОК Шуто Оризари – Ерџан Демир

ИЕ 3

1. ОК Зелениково – Дејан Димишковски

2. ОК Зрновци – Виктор Анакиев

3. ОК Чешиново Облешево – Славе Донев

4. ОК Илинден – Александар Ѓорѓиевски

5. ОК Петровец – Драгана Узелац

6. ОК Велес – Игор Здравковски

7. ОК Чашка – Трајче Мишкоски

8. ОК Градско – Александар Ѓорѓиевски

9. ОК Лозово – Стојан Пешевки

10. ОК Свети Николе – Бојан Митев

11. ОК Штип – Душко Иванов

12. ОК Карбинци – Гордана Барбашка

13. ОК Кочани – Александар Андов

14. ОК Виница – Александар Јованов

15. ОК Македонска Каменица – Љупчо Марков

16. ОК Делчево – Иван Гоцевски

17. ОК Пехчево – Миле Гошевски

18. ОК Берово – Столе Каракутовски

19. ОК Крива Паланка – Емил Спасовски

20. ОК Ранковце – Даниел Павловски

21. ОК Кратово – Љупчо Спиров

22. ОК Пробиштип – Тони Тоневски

ИЕ 6

1. ОК Тетово – Александар Велјановски

2. ОК Гостивар – Мартин Андоновски

3. ОК Теарце – Радица Ѓорѓевска

4. ОК Брвеница – Јовица Илиевски

5. ОК Јегуновце – Димитар Костадиновски