Познати учесниците и групите за XI Меморијален ракометен турнир во Прилеп – „Миле Нешкоски“

Прилеп и ова лето ќе биде местото каде ќе се слави ракометот и споменот на една од најголемите легенди на овој спорт. Од 20 до 23 август 2026 година ќе се одржи XI Меморијален ракометен турнир „Миле Нешкоски“, во организација на РК Прилеп, настан кој низ годините прерасна во традиција и симбол на почит кон човекот кој остави неизбришлива трага во прилепскиот и македонскиот ракомет.

Во четирите натпреварувачки денови, спортската сала „Ристе Ристески – Ричко“ ќе биде домаќин на шест екипи кои ќе се борат за трофејот на турнирот.

Екипите се поделени во две групи:

Група 1:
🔸 РК Прилеп
🔸 РК Мулти Есенс
🔸 РК Младост 1997 Богданци

Група 2:
🔸 РК Бутел
🔸 ГРК Тиквеш 2014
🔸 РК Еурофарм Пелистер 2

Турнирот традиционално ќе започне со положување цвеќе пред споменикот на Миле Нешкоски, како чин на сеќавање и почит кон ракометарот и спортскиот работник чие име со гордост го носи ова натпреварување.

Љубителите на ракометот ги очекуваат квалитетни натпревари, голема спортска борба, но и атмосфера исполнета со дружење и ракометен дух. Завршницата ќе биде резервирана за финалните натпревари и свеченото доделување на признанијата.

XI Меморијален турнир „Миле Нешкоски“ уште еднаш ќе ја потврди својата мисија – преку спортот да го чува споменот на легендата и да ги обедини генерациите љубители на ракометот.

📍 Спортска сала „Ристе Ристески – Ричко“, Прилеп
📅 20–23 август 2026 година

Се гледаме во сала – затоа што легендата живее!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.