450.000 денари награден фонд! Од 6-24 декември турнир во мал фудбал “Св. Никола” во Прилеп

Oд 8-ми до 24-ти декември во Спортската сала на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ ќе се одржи најновото издание на турнирот во мал фудбал “Св. Никола 2023”.

Наградниот фонд за ова издание на турнирот е повеќе од 450.000 илјади денари!

Пријавувањето започнува на 30.11.2023 година и ќе трае заклучно со 06.12.2023 година и истото може да го направите на телефонските броеви од флаерот.

-Ги повикуваме сите фудбалски и спортски љубители да го посетат и да бидат дел од овој традиционален турнир и уште еднаш да докажеме зошто Прилеп е најфудбалски град во Република Македонија – стои во соопштението од организаторите.

Бројот на екипи за „СВ. НИКОЛА 2023“ е ограничен на 32!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.