3aгpижyвачки бројки, на Пелагонија и се зakaнува бела чyмa, Прилеп нajпогоден

Државниот завод за статитстика пред неколку дена го објави својот статистички годишник, во кој според нивните податоци во текот на изминатата година во Прилеп биле регистрирани 74 647 жители, 5 496 во Кривогаштани, 14 135 Долнени, а во Крушево 9 327 жители – објави “Радио Пела”.

Во текот на изминатата година во Пелагонискиот регион биле родени 1.962 живородени деца, а починале 2 914 лица. Природниот прираст во Пелагонија е негативен и изнесува 952 лица помалку. Во текот на 2018 година во Пелагонискиот регион склучени биле 1288 бракови, а регистрирани се 216 развод.

Според Државниот завод за статистика, во Прилеп минатата година родени се 681 дете, а починале 936 лица. Во Кривогаштани имало 35 живородени деца, а yмpeле 83 лица. Во Крушево бројот на живородени деца во 2018 г. е 87, а починале, во истиот период, 116 лица. Во Општина Долнени во текот на 2018 регистирани се 172 живородени деца, а бројот на починати лица изнесувал 152.

Ова говори дека природниот прираст во овие општини е негативен, зашто мopталитетот на населението е поголем од наталитетот. Дали белата чума е закана за Пелагонискиот регион?!

Што се однесува до склучените бракови во Прилеп минатата година се склучиле 385 бракови, во Крушево 56, во Општина Кривогаштани регистирани се 26 бракови во 2018г, а во Општина Долнени 92 брака.

Извор: “Радио Пела”


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.