27 месеци во 3 минути: Еве како Русија го изгради најдолгиот мост во Европа (ВИДЕО)

Изградбата на мостот кој ги поврзува Крим со руското копно траеше 27 месеци, а е долг 19 километри. Проектот го градеа неколку илјади работници и е најдолгиот мост во Европа.

Кримскиот мост беше отворен на почетокот од изминатата недела и веќе по него се движат автомобили.

Видеото во продолжение го прикажува во 3 минути целиот период на изградба на ова архитектонско ремек дело.

Иако мостот е веќе во функција, не е сеуште завршен. Вториот дел на изградба опфаќа и поврзување со железница, која ќе биде готова наредната година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.