11 уметници од земјава и странство ќе творат на ликовната колонија “Дрен 2021”

По 13 пат, од 19 – ти до 25 -ти јули во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи веќе традиционалната ликовна колонија “Дрен 2021”, на која годинава освен што ќе творат сликари, дела во метал ќе создаваат и скулптори.

Годинава ќе творат 11 уметници од земјава и странство. Своите инспирации на платно ќе ги пренесат сликарите Мирослав Живковиќ и Снежана Малетин од Србија, Мирјана Крстева Масети, Марија Стојаноски – Петкоска, Александра Петкова, Буба Солак, Драган Најденовски, Новица Трајковски, Владимир Темков и Тони Чатлески, а во метал ќе работат скулпторите Слободан Милошески и Марјан Стојаноски.

Делата создадени на годинашната колонија наесен ќе бидат претставени на изложба.

Досега на колонијата се создадени околу 350 дела кои се во трајно наследство на Центарот и на државата. Ликовната колонија се одржува со финансиска поддршка на Министерството за култура.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.