1000 ДЕНА РЕНЕСАНСА ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

12046853_1155299757818498_8490779706356000277_n-702x336

Денес се навршуваат 1000 денови од доаѓањето на Тони Заткоски за прв човек на општина Кривогаштани, 1000 денови експанзија и модернизација, огромен број на проекти и средства за жителите на сита населени места во општината.

– Општината доживува градежна експанзија и наликува на големо градилиште, насекаде гледаме машини, се градат игралишта за најмладите, се привршува изградбата на најмодерниот пазар во државата, се реновираа сите основни и подрачни училишта, се отвори првата градинка во општината и уште една за кратко ќе започне да функционира во населеното место Обршани, се испиша историја со започнувањето со работа на итната медицинска помош во општината, се гради нова спортска сала во ОУ Манчу Матак, се асфалтираат патишта, се градат тротоари и многу други проекти и сето тоа од доаѓањето на Тони Заткоски за градоначалник – Велат задоволните жители на општина Кривогаштани

Во досегашниот мандат на градоначалникот реализирани и одобрени се проекти со приближна вредност од околу 5.000.000 евра од кои веќе во наредната 2016 година ќе започнат да се реализираат проекти за асфалтирање на улици во повеќе населени места, ќе се промени уличното осветлување на регионалните патишта со ЛЕД светилки, општинската администрација ќе добие нова фасада на општинската зграда и нови канцеларии во надградбата на општинската зграда, ќе се градат тротоари, ќе се започне со асфалтирање и проширување на клучниот патен правец во општината односно патот од Кривогаштани до Воѓани, ќе се изградат канализациони мрежи со пречистителни станици во населените места Крушеани и Врбјани и уште голем број на проекти и активности од кои најголем бенефит ќе имаат токму жителите на општината.

8

2

3

4

5

6

7




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.