Ќе им се допадне на Србите: Швеѓаните им покажаа што е карма на Џака и Шакири (ФОТО)

Репрезентацијата на Шведска ја совлада Швајцарија со 1:0 во осминафиналето на Светското првенство во Русија со погодокот на Форсберг.

Шваѓаните дојдоа до пласман во четвртфиналето на Мундијалот, а таму ги очекува дуел со Англија.

Двоглавите орли кои Џака и Шакири им ги покажаа на Србите при постигнувањето на головите во меѓусебниот дуел, се чини им се удрија од глава овојпат.

Шведските фудбалери и навивачи на ист начин се пошегуваа со нив, а фотографиите станаа сензација на Интернет, особено кај српската публика.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.