“Јака финта од Водовод: Не се зголемува цената на водата, туку сметката за вода за 60%?”

„Написите во одредени медиуми за наводното зголемување на цената на водата, се груби манипулации со граѓаните на Прилеп. Цената на водата останува непроменета. Согласно Законот за утврдување на цени на водни услуги, со ставањето во функција на Пречистителната станица, се воведува нова тарифа за пречистување на урбани отпадни води“, изјави на вчерашната прес конференција Емил Јанески, директор на ЈКП „Водовод и канализација“.

Точно е дека цената на водата е непроменета, но сметките за вода ќе се зголемат за близу 60%. Причината за тоа е донесената одлука од страна на Советот на општина Прилеп за финансирање на новата пречистителна станица.

За оваа намена прилепчани ќе плаќаат по 17,35 денари за секој метар кубен потрошена вода, огромен трошок кој ќе удри по џебот на секое семејство.

Ако за пример земеме сметка со 15 метри кубни потрошена вода во месецот, која изнесуваше 540 денари, со дополнителниот трошок од 17,35 денари за секој потрошен метар кубен вода, истата ќе изнесува 800 денари.

Преку субвенционирање на само 5 метри кубни потрошена вода во месецот за околу 500 социјално ранливи семејства, локалните власти се обидоа да ја скријат штетната одлука.

Од ВМРО-ДПМНЕ ја поддржаа оваа одлука, но владеачкото мнозинство го одби нивниот предлог за целосно ослободување од сметки за вода на овие семејства.

“Во текот на вчерашната седница на Совет на Оштина Прилеп се донесе одлука за ситни политички поени, навидум во корист на луѓето од социјално ранливите категории. Ние, советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија, понудивме предлог, со искрена намера, за целосно ослободување од сметката за вода на овие граѓани, а не само за 5 метри кубни, сметка која овој месец се очекува да стигне кај сите зголемена за приближно 60%”, изјави Ирена Стерјовска Локвенец на прес-конференцијата одржана во петокот.

Инаку, ова е второ зголемување на сметките за вода, откако претходно во месец февруари минатата година, советниците од владеачкото мнозинство, го зголемија и надоместокот за одведување на урбани отпадни води од 3 денари на 5,28 денари за метар кубен.

Тоа доведе до зголемување на оваа услуга за дополнителни 2,28 денари за секој потрошен метар кубен вода.

Оваа одлука ниту малку не наликува на ветувањето кое го даде актуелниот градоначалник пред локалните избори во 2017 година.

Во продолжение и анкетата која помеѓу прилепчани ја спроведи порталот “Инфокомпас”.

Eве какво е размислувањето на граѓаните за покачените сметки за вода од 60%:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.