Јадел трошки пред пекара, често немал ниту за копачки: Од животната приказна на Луис Суарез ќе ви падне жал

Репрезентативецот на Уругвај и фудбалер на Барселона, во моментов е еден од најдобрите фудбалери на светот, но неговата животна приказна е се само не најсјајна.

Тој е роден во малото гратче Салто на северозападот на Уругвај, а првите фудбалски чекори ги направил во ФК Урета кога имал седум години. Растел во сиромаштија, затоа што едноставно неговите не можеле да му дозволат повеќе. Ниту на него, ниту на неговите браќа, а ги има шест, иако работеле од утро до вечер. Се труделе на Луис и останатите деца да им пружат најмногу што можат, но во големото семејство со малите плати тоа не било секогаш возможно.

Фудбалерот со ситна градба, експлозивен темперамент и уште по некоја мана едноставно не ветувал, но за среќа ги имало оние кои препознале дека има талент да стане професионалец. Неколку години подоцна сфатиле дека ова слабо момче и бунтовник ќе стане повеќе од голем фудбалер.

-Неговата мајка и браќата секогаш го поддржуваа. Доаѓаа на натпревар и поминуваа цел ден тука, а потоа навечер го враќаа дома. Луис беше тивко момче, дури и потивок од неговите врсници, но на теренот секогаш беше супериорен, наведува првиот тренер на Суарез во Урета.

Неговиот темперамент не можеа сите да го сфатат, ниту да го разберат. А тој само сакаше да победи, да даде гол по секоја цена, без разлика на се. На тоа може да ве научи тешкото секојдневие во Уругвај.

-Некогаш стоеше пред пекара и јадеше трошки од некоја торта, гледаше се да изеде сам, да не би морал да ги дели со браќата, затоа што ги имаше многу во домот, се присетува еден од соседите на неговото семејство.

-Често немаше копачки и играше со позајмени, неговото семејство се трудеше секогаш да сочува пари за да му купи копачки, кажа првиот агент на Суарез.

На 12 години почна да разбира некои работи, почна да созрева во фудбалска смисла, но и на онаа другата- животната.

-Во тој период се трудеше да ја сочува секоја паричка за семејството, па после тренинг наместо со превоз дома си одеше пешки. Нема многу деца кои се свесни за ситуацијата како што беше тој, посебно не во тој период, продолжува неговиот агент Вилсон Пирис.

А тек менаџерите… без нив фудбалскиот свет денеска не може да се замисли, има некои кои се навистина посветени на своите клиенти и кои не сакаат само да наплатат мрсна провизија, но некои се навистина и дрски. На Суарез агентот не бил таков.

-Се шегувавме со него, се обложувавме како би го охрабриле, но тој тоа го виде како можност да заработи пари за своето семејство. Тоа за него тогаш беше најважно и погодувате, секогаш успеваше, продолжува Пирис.

Ретко кој верувал во него, но тој верувал, а тоа е најважно кога некој верува во своите можности и тоа толку што знаел дека еден ден ќе игра за Барселона.

-Секогаш ми зборуваше дека верува дека еден ден ќе игра за шпански клуб, а јас само му се насмевнував и го прашував: „за што ти тоа зборува, кога си замена во седмиот тим на Национал, нема шанси тоа го оствариш“. Тоа е дел од неговиот карактер, даде се од себе да ме демантира, наведува човекот кој некогаш се грижел за неговата кариера.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.