Што кажал големиот Григор Прличев за татковината и за тие кои не си ја сакаат

Во својот говор пред охриѓани, одржан на 12 јуни 1866 година, големиот македонски поет Григор Прличев, меѓу другото, рекол:

„Кога Господ ти викат чувај се, многу појке ти викат да си ја чуваш таткојната.

За тоа колку да бидит чоек нечесен, пак таткојната му је најмила на векот. Зашчо татко имаме еден, а таткојната је многу таткој.

Мајка имаме една, а таткојната је хилјади мајки. Братја, имаме пет или десет, а таткојната је неброани браќа.

Еден чоек шчо не си а милвит таткојната појке од татка и мајка, и појке от себеси, тој не можит да бидит чесен чоек”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.