Штерјовски нов тренер на Победа

ФК Победа ја прекина соработката со стручниот штаб Бојчески-Крстески поради слабите резултати на почетокот на првенството. -Благодарност до Дарко Крстески за неговите залагања и досегашните успеси со клубот.

14468585_10210690579764616_89134503619031134_o

Од денес одговорноста да го предводи прилепскиот прволигаш ја превзема Зоран Штерјовски на кој му посакуваме успешна и плодна работа!

,,ФК Победа”  не смее и нема да биде екипа на која останатите ќе демонстрираат сила. Имаме доста проблеми со самото неиграње во Прилеп поради реконструкцијата на Градскиот стадион, отежнати услови за тренинг и неколку повредени клучни играчи. Но, постепено ги решаваме проблемите и се стабилизираме. Се надевам дека резултатите ќе се подобрат и почнеме да освојуваме бодови. Му посакувам на Штерјовски успешна работа, а Крстески ќе остане најверојатно во клубот да помага во остварувањето на нашите цели”, изјави Претседателот на Победа Гоце Ингилизов.

41-годишниот Штерјовски претпладнево го одржа првиот тренинг со екипата и на утрешниот меч со Работнички во Битола ќе дебитира на клупата на Победа. Претходно работеше како тренер во Пелистер, Силекс, Миравци и Корзо.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.