“Шок за превозниците, таксистите, возачите дизелот повторно поскапува за 2 денари, бензините за по денар”

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да донесе одлука за новата малопродажна цена на горивата во Македонија што ќе важи во наредните 14 дена.

Цените на горивата пред две недели се зголемија за еден денар по литар, со што се изврши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,03, односно за 1,98 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 73,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 75, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 67, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 55,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,399 денари за килограм се зголеми и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и изнесува 35,75 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 4,17 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,53 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Според анализите и денеска може да очекуваме повисоки цени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.