ВМРО-ДПМНЕ: “Заради бизнис интереси не се реновира прилепската чаршија, а градоначалникот го вети тоа??” (ВИДЕО)

Прес-конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

(Во продолжение интегрален текст и видео од одржана прес-конференција)

“Пред неколку дена, министерот за економија Бектеши ги потпиша договорите со општините Чаир, Центар, Битола и Охрид, за имплементација на проектот „Ревитализација на излозите на Старата чаршија”.

За потсетување, ваков проект во своите предизборни ветувања имаше и градоначалниот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, кој предизборно соопшти дека ќе се реставрира старата прилепска чаршија.

Но Прилеп, изостанува од листата на Општина со кои беше потпишан договор за реализација на овој проект, па така на виделина исплива уште едно празно ветување.

Прилеп не доби грант како останатите општини за средување на излозите и фасадите од дуќаните во Старата чаршија, но затоа доби објекти кои никнаа преку ноќ, на диво, во срцето на градот, спротивно на законите.

Очигледно министерот Сугарески не сака да му биде нарушен бизнис комодитетот. Прилеп не доби грант, па како резултат на тоа штета ќе трпат сите дуќанџии, изгледот на чаршијата и економскиот бенефит што би го имале дуќанџиите доколку успешно се реализираше овој проект.

Жално и срамота е што Општината и Завод и Музеј Прилеп, наместо да го штитат ова подрачја кое подлежи на законска заштита, дозволуваат никнување на диви противзаконски градби, со кои се задоволуваат апетитите за бенефит на политички моќници блиски со СДСМ.

Почитувани,

Досегашното владеење како на централо така и на локално ниво се покажа како владеење строго во интерес на неколкумина, додека обичниот граѓанин е оставен на милост и немилост да врзува крај со крај. Затоа ова погубно владеење на СДСМ мора што поскоро да заврши. За доброто на Македонија, за доброто на Прилеп и прилепчани!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.