Шампионките во фудбал од ООУ “Страшо Пинџур” ќе бидат единствен претставник од Прилеп на Малите олимписки игри во Валандово (ФОТО)

Иако се мало училиште во рурална средина, yчениците од ООУ “Страшо Пинџур” од прилепско Мало Коњари, имамаат големо спортско срце и спортски дух кој секојдневно го негувааат и надоградуваат.

Училишната екипа за футсал од 8 и 9 одделение во женска конкуренција, предводена од наставникот по физичко образование Иле Мишески, е неприкосновенена оваа учебна година на општинските, зонските и регионални натпревари, и е единствен претставник од општина Прилеп на Малите олимписки игри во Валандово, кои ќе се одржат на 18.05.2023 година.

Ова училиште уште еднаш потврди дека е училиште со силни и здрави спортски вредности. Да им посакаме успешни натпревари, и со медал да се вратат од ова натпреварување.

ДЕВОЈКИ ВИЕ СТЕ ШАМПИОНИ!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.