ЦИРКУЗИЈАДА: ”Пишманаџии советници прават пародија од Прилеп? Носат одлуки,народот им се смее, па ги поништуваат?!”

Откако минатиот месец со Одлука на мнозинството во Советот на општина Прилеп беше одлучено да поскапат закупнините за тезгите на маалските пазари, како и закупнината на продавачите на земјоделски производи од камиони, денеска советниците од СДСМ и коалицијата се попишманија и ја ставија вон сила донесената Одлука.

После донесувањето на ваквата контроверзна одлука која за тезгаџиите на мало значеше зголемување на закупнината од 500 на 3000 денари месечен закуп, или зголемување за 500 % повисока цена, следуваа бурни реакции како од ситните земјоделци, така и од целата јавност.

Поскапувањето на тезгите во маалските пазарчиња во Марино маало, Точила и кај театарот, беше второ поскапување после зголемувањето на цената на сметките за вода.

Денеска советниците од СДСМ го изгласаа решението на градоначалникот со кое се запира објавувањето на оваа Одлука.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.