Хорор во Битола – брат на брат му ја запалил куќата, за малку избегната семејна трагедија

На 01.05.2018 година околу 22,00 часот во Секторот за внатрешни работи Битола бил пријавен пожар кој зафатил три куќи лоцирани на улица „Дебарска“ (кај браната). Интервенирано било од страна на Територијалната противпожарна единица Битола, при што едната куќа била целосно изгорена, а двете биле делумно изгорени. Во врска со настанот во полициска станица било приведено едно лице од Битола за кого се претпоставува дека го подметнал пожарот. Увидот ќе продолжи во текот на денешниот ден и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Според она што го дознава “Тв Орбис” брат му ја запалил куќата на неговиот брат поради претходна расправија.

Телевизијата дознава дека лицето кришно му ја запалило куќата на неговиот брат додека во неа било целото семејство.

ВИДЕО: “ТВ ОРБИС”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.