(ФОТО) Цели чопори кучиња скитници сејат страв низ центарот на Прилеп: Граѓаните бараат “Комуналец” сериозно да се зафати со решавање на овој горлив проблем

Цели чопори кучиња скитници денеска беа “декорација” на градскиот плоштад, а прилепчани во страв поминуваа покрај нив.

Граѓаните велат дека не ретко овие чопори се агресивни и напаѓаат случајни минувачи, па затоа крајно време е надлежните, а особено ЈКП Комуналец Прилеп поконкретно да се позанимава со овој горлив проблем.

Минатиот месец, според полицискиот билтен на МВР, имаше десетина пријави за каснувања од кучиња скитници во Прилеп. Ако се земе во предвид дека се плаќаат и по 2.000 евра оштета за поединечен случај, тогаш подобро овие пари да се вложат во справување со оваа појава, која не е променета години наназад.

Всушност животните не се криви, тие се безгрешни суштества кои не по своја вина се запоставени и оставени без нечија грижа, но во 21 век ваквите чопори по улиците и плоштадите воопшто не изгледаат убаво.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.