ФОТО ГАЛЕРИЈА – Музичкиот фестивал „ГИМФЕСТ“ по шести пат во Прилеп

IMG_6750

Прилепската Гимназија „Мирче Ацев“ и оваа година по шести пат, синоќа во Центарот за култура „Марко Цепенков“ го организираше големиот музички фестивал Гимфест 2016.

« на 36 »

Гимфест е средношколски музички фестивал, единствен од ваков тип во Република Македонија каде преку натпреварувачки карактер, се презентираат најдобрите музички способности на средношколците.

Оваа година специјален гостин беше познатата македонската група „Љубојна“.

IMG_7515

Фестивалот е од хуманитарен карактер, а приходот кој е собран од влезниците ќе се донира за 3 – годишното дете Немања Петрески од Прилеп кој боледува од еквиноварус (вроден деформитет на двете нозе).

Имено фестивалот е посетен со повеќе од 800 посетители и голем број на видни гости.

IMG_6737




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.