Филипче: “Утре ќе биде предложена нова мерка за целата земја”

Нови посебни мерки за Тетово засега не се планираат, но утре ќе биде предложена нова мерка за целата земја. Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Новата мерка ќе се однесува на сите граѓани, македонски и странски државјани.

-Мерката ќе се однесува за влез и излез од нашата земја. Ќе биде барана потврда за вakцинација, негативен ПЦР тест или доказ за прележување на болеста, истакна Филипче.

Нагласи министерот дека за мерката ќе се одлучува утре.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.