Филипче: “И со потврда за прележан Koвид-19 ќе може во кафуле”

За влез на сите настани кои се организираат освен со сертификат за вакцинација со примена барем една доза, ќе биде доволно да се приложи и потврда од прележан Koвид во рок од 45 дена, рече министерот за здравство Венко Филипче пред Општата Болница во Охрид.

-Според одлуките на последната владина седница, невакцинираното лице ќе нема право да влезе во угостителски објект или да присуствува на настан на кој има повеќе од 30 лица, рече Филипче.

Филипче, потврди дека и граѓаните кои прележале ковид, покрај тие што примиле најмалку една доза на вакцина, ќе може да влегуваат во затворени простории, одоносно да присуствуваат на настани на затворено.

Од 16 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.