Уште една сообраќајка во Прилеп: Момче и девојка на веспа биле удрени од автомобил?

Синоќа околу 21:00 часот на улицата “Прилепски бранители” во близина на студентскиот интернат во Прилеп, се случила сообраќајна несреќа.

Според она што го дознаваме од очевидци, момче и девојка кои се возеле на веспа биле удрени од возило од позади.

Од ударот двајцата удриле во друго возило при што завршиле на асфалтот.

Според очевидци момчето поминало со полесни повреди, додека девојката се здобила со потешки.

Повеќе информации во текот на денот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.