Уште една пратеничка на СДСМ позитивна на Koвид-19

Пратеничката од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска, е позитивна на Koвид-19. Таа на својот фејсбук профил соопшти дека вчера ненадејно добила покачена температура и омалаксаност додека била на седница на Собрание и оти по тестирањето добила позитивен резултат на кopoнавиpyc.

– Попладнево се тестирав и за жал резултатот е позитивен. Изминативе денови имав ограничени движење и физичко присуство на состаноци, каде постојано носев заштитна маска. Ги почитував правилата, но очигледно е дека имало момент на невнимание. Ве замолувам бидете внимателни, болниците се преполни, лекарите изморени, а ние сме лесни ранливи. Чувајте се, пишува пратеничкат Славјанка.

Воедно, Петровска за јавноста е позната како дополнителен заменик-министер за внатрешни работи во време на техничката влада.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.