Уживајте во сонцето: Метеоролозите најавуваат магла и обилни врнежи – еве какво време не очекува оваа недела

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има слаба магла. Ќе дува слаб јужен ветер.

Утринските температури ќе се движат од -5 до 1 степен, додека дневните ќе достигнат до 12 степени.

Во Скопје и околината температурата ќе се движи од -3 во утринските часови до 6 преку ден.

Во текот на работната недела времето ќе биде претежно стабилно со појава на утринска магла по одделни котлини.

Локални врнежи од дожд ќе има во текот на ноќта кон среда и во среда во утринските часови.

Пообилни врнежи се очекуваат од сабота кон крајот на денот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.