УЕФА најавува промени во Лигата на шампиони: Ќе се менува целиот концепт

Европската куќа на фудбалот УЕФА е решена да ги спроведе реформите во Лигата на шампионите за да се заштити од најавената Супер лига, но и да овозможи повеќе заработка за клубовите и федерациите.

УЕФА имала виртуелен состанок со претставниците на сите 55 фудбалски федерации и заклучокот дека сите се позитивно расположени во однос на воведувањето на „швајцарскиот систем“ место досегашната групна фаза.

Клубовите ќе играат повеќе натпревари со квалитетни противници, а тоа ќе донесе и поголем профит од спонзорите и телевизиските права.

УЕФА најрано може да ја донесе одлуката во април, кога ќе заседава Извршниот комитет.

Идејата е да се укине актуелната групна фаза од 32 екипи и 36 тимови да играат во една единствена лига, а секоја од тие екипи ќе одигра по 10 натпревари во овој дел од турнирот, или четири повеќе од досега кога во групите имаше по четири тима определени со ждрепка, а се играа по шест натпревари.

Наместо стартен рејтинг, ќе бидат пресметани соодветни коефициенти. На овој начин ќе има четири екипи учеснички повеќе, од кои предлогот е три да се квалификуваат согласно нивното „европско досие“ (а не влегле преку местата определени во националните лиги), додека четвртиот тим би требало да биде проширување за француската Лига 1, од каде две екипи само одат директно, наспроти Англија, Шпанија, Италија и Германија со по четири екипи.

Екипите ќе можат да се сретнат меѓусебно само еднаш, а на осумте најдобри ќе им биде гарантиран пласманот во плеј-оф, додека екипите од 9 до 24 место ќе играат меѓусебен елиминациски бараж.

Најважната карактеристика е што по секој натпревар, двојките за следното коло се прават согласно позициите на табелата и оние од врвот играат меѓу себе, а оние од дното меѓу себе.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.