Тутунски Комбинат Прилеп доживува трансформација во модерна компанија

 

 

 

Скоро две години откако е официјализирано стратешкото партнерство меѓу Филип Морис и Тутунски комбинат Прилеп.

Разговаравме со Генералниот извршен директор на Тутуснки Комбинат Александар Дермернџиев, и неговите најблиски соработници, Марјан Ангелески, Директор на фабриката за цигари и Татјана Јанкулоска, советник за цигари.
Видно забележлив ентузијазам на нивните лица, оптимизам и волја да го вратат сјајот на Комбинатот, позитивна енергија и верба. Низ разговор и низ презентации кои не оставија без текст, дознавме дека во фабриката за цигари се случуваат вистински промени, кои со сигурност водат кон крајната цел, успехот.
Почнуваме со бројки , и според последните показатели комбинатот функционира без некакви дополнителни инјекции, или најави за некоја идна конверзија. Тоа значи дека сите свои обврски и по основ на акциза во однос на државата, ДДВ, комбинатот ги сервисира редовно и во целост. Најголемиот показател се сепак финансиските извештаи, а и тековните финансиски извештаи кажуваат дека стратешкото партнерство значи чекор напред за ТКП. Исто така и некои стари обврски и постари од 10 години, редовно се сервисираат а дел од нив се репрограмирани, според тоа слободно може да се каже дека ТКП доживува консолидација и во таа смисла. Според директорот на ТКП, Александар Дерменџиев, комбинатот е на добар пат од загубар, да стане успешна бизнис приказна.

„Што се однесува до прашањето дали ќе излеземе конечно да листата на загубари и генерирање на загуби, јас најавив дека тоа ќе се случи за периодот од 2 години, а сега јас ќе бидам уште поголем оптимист и очекувам дека со завршната сметка од 2015-та година, ќе се пофалиме дека нема да прикажеме загуба. Да, може да се каже дека моја крајна цел беше оваа стабилизација на Комбинатот и излезот од листата на загубари. Сметам дека сме на чекор до таа цел и мислам дека следната година ќе се пофалиме дека дефинитивно сме ја оствариле таа најголема стратегиска цел. Секако дека во бизнисот работите не завршуваат и многу е извесно дека пред нас, пред ТКП се поставуваат нови предизвици“, дополнува Дерменџиев.

image02

Една од најзначајните промени што се случија во овој период и како резултат на стратешкото партнерство е модернизацијата на производството на ТКП со две нови машини од Philip Morris International. Унапредувањето и осовременувањето на цигарна овозможи ТКП да произведува нови и иновативни формати. Со ова се зголеми капацитетот и обемот на производство во фабриката на ТКП а производството се развива на повисоко ниво. На новите машини се произведуваат формати кои што досега не беа опфатени од тековните производствени можности на Тутунски Комбинат Прилеп. Сега, Тутунски Комбинат Прилеп е уште еден чекор понапред во трансформацијата во модерна фабрика опремена да произведе иновативни производи во категоријата цигари.
За време на разговорот ги добивме и телефонски изјавите на :
Емре Козлу (генерален директор на ФМТКП)


За помалку од 1 година работење на заедничкото вложуваме, заедно креираме една успешна сторија, како ФМТКП, така и ТКП. Секој еден од Вас, како вработени во ТКП, треба да се гордее за својот придонес кон овој успех! Благодарни сме на ТКП Раководството за значајното подобрување на работењето на фабриката. Ова претставува едно патешествие и се уште имаме многу можности, со кои искрено верувам дека успешно ќе се справиме.

Михаел Солтер,
Комерцијален Mенаџер на ФМТКП

Како одговорен за комерцијалните активности во Македонија, јас сум многу задоволен од поддршката и посветеноста кои вработените во ТКП го вложија за сите наши иницијативи на производи. Ангажираноста и отворениот дијалог кој успеавме да го постигнеме, беа клучен фактор за успешни и одржливи подобрувања на портфолиото досега. Исто така тоа ќе придонесе и огромна корист за претстојното преработување на Бренд, кое ќе го зајакне и повторно воспостави како гордост на локалниот пазар. Сето тоа помогна за подобрување на имиџот на нашите брендови на македонскиот пазар, што претставува еден од клучните фактори за зголемување на продажбите.
Небојша Миљковиќ
(Менаџер за развој на производи, ФМОП Ниш)


Патешествието во кое се впуштивме заедно започна пред една година ,а патеката пред нас беше возбудлива, со предизвици и имаше потреба од нас да ја подобриме. Оживувајќи ги зборовите на Arnold H. Glasow „Подобрувањето започнува со ЈАС (мене)“, секој вработен во ТКП и член на раководството се зазеде за подобрување на работењето на фабриката и со цел да не донесе до местото каде сме денес. Подобрувањата се видливи, а со тоа и нашите чекори сега се посигурни

Бора Костиќ
(Менаџер на проектен инжинеринг, ФМОП Ниш)


Кога се придружив на ТКП во декември, 2014 година, една од работите што требаше да ги направам беше да остварам и одржам однос со ТКП и да им помогнам да направат подобрување во различни области на работењето. Сега сум многу задоволен кога го гледам значајниот напредок во сите области на производството. Успехот кој го постигнавте е резултат на работата на сите вработени и би сакал да им се заблагодарам на сите, посебно на ТКП Раководството, кое покажа целосна посветеност и кое веруваше во успехот на заедничката компанија. Ова претставува само почеток, а пред сите нас претстои многу напор и предизвици за постигнување на уште подобри резултати за нашата компанија да стане лидер на македонскиот пазар.

За време на интервјуто, може само да се заклучи дека Комбинатот станал едно големо семејство со Филип Морис Ниш, и дека поддршката е очигледна.

„Придобивката не е само за машините односно производството. Целата иницијатива и постапка ги претставува различните нивоа на бенефиции за ТКП, пренесени директно од играчот број 1 во тутунската индустријата глобално. Дополнително со тоа, Philip Morris International, го поддржува Тутунски Комбинат Прилеп преку обуки на вработените со цел подобрување на нивните знаење во различни области, развој и имплементација на клучните перформанси, прифаќање и примена на процедурите за обезбедување на квалитет како и поддршка во развој на инвестициски планови како ка краток така и на подолг рок“, вели Дерменџиев.

Несомнено ова резултираше со запишување на ТКП во листата производители на најмоќниот бренд глобално, Марлборо. Само неколку месеци по успешното поставување на новите машини во Тутунски Комбинат Прилеп (ТКП), заедничката компанија Филип Морис ТКП започна со производство на една од најновите понуди на светски познатиот бренд Марлборо во Македонија.


„Marlboro Flavor Plus е уникатна и иновативна понуда, како во поглед на производот така и во дизајнот на пакувањето, што е произведена во Македонија во постојните капацитети на Тутунски Комбинат Прилеп. Во текот на изминатата година, како партнери започнавме со соработка, модернизација и размена на најдобри практики, локалното искуство и меѓународното know how, со цел заеднички да обезбедиме одржлив комерцијален успех и извесна оперативна иднина на ТКП“, вели Татјана Јанкулоска, советник за цигари на Генерален Директор.
Тука се сите настани кои се случуваа изминатиов месец, како и активности за подигнување на тимското работење, кои кај вработените иако новост, беа одлично прифатени.
Се работи на подобрување на меѓучовечките односи, на враќање на довербата во еден огромен потенцијал кој се крие во нашата фабрика. Основните ресурси ги имаме, луѓето и машините, единствено што треба е да ги следиме трасите на сите успешни компании и да бидеме препознатлив производствен центар, со потпис на традицијата и квалитетот. Со континуирано подобрување, промени и посветеност, јас верувам дека Тутунски Комбинат ќе го врати стариот сјај.


Конечно, долгоочекуваното и најавувано производство на Марлборо во Македонија, ја демонстрира заложбата и вербата од двете страни на партнерството движење во правилна насока. Производството и лансирањето на Marlboro Flavor Plus, е оценет како многу важен чекор за фабриката во Прилеп, проследено со производството на уште еден интернационален бренд на Philip Morris International, Bond Street. Сето ова беше овозможено со модернизацијата на фабриката со што значително е подобрен квалитетот и ефикасноста на производството.
Оваа иницијатива е голем чекор за ТКП, а генерално стратешкото партнерство обезбедува долгорочно стабилизирање на комбинатот и создава можност тој профитабилно да работи, заедно со сигурноста на вработените како и за кооперантите-тутунари на комбинатот.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.