Популарната и најмасовна детска трка „Трчај бе“ донираше спортски реквизити за основните училишта во Општина Битола.
Донацијата се состои од кошаркарски, ракометарски, топки за одбојка и за фудбал.
Вредно е да се напомене дека „Трчај бе“ секоја година им овозможува на ученици од социјално ранливи категории од основните училишта и деца од градинките да учествуваат во детската трка без котизација, со што ја покажува општествената одговорност кон сите во заедницата.



































