Ова се новите претседатели на Општински комитети во 4 и 5 ИЕ – Еве што се случува со ОК Прилеп

На денешната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ беа донесени кадровски решенија за претседатели на општинските комитети.

-Дел од назначените претседатели се докажани искусни кадри кои со своето работење имаат придонесено за развој на локалната заедница од каде потекнуваат, а дел од нив се нови лица кои ќе донесат свежина во средината и нови успеси за општинските комитети ВМРО-ДПМНЕ со новите кадровски решенија продолжува со подобрувањето на животот на граѓаните, на локално и централно ниво – стои во соопштението од владеачката партија.

Во прилог, новите претседатели на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

ИЕ4

1. Росоман – Ѓорѓи Крстевски

2. Демир Капија – Андон Дрнев

3. Неготино – Павлинче Честојнова

4. Кавадарци – Тони Нешковски

5. Гевгелија – Димитар Вегов

6. Валандово – Јулија Тушевска

7. Богданци – Марјан Пеев

8. Дојран – Илија Тентов

9. Струмица – Методија Пасков

10. Босилово – Мито Андонов

11. Ново Село – Петар Марков

12. Василево – Славе Андонов

13. Конче – Ацо Митев

14. Радовиш – Бојан Митевски

15. Могила – Драганчо Саботковски

16. Кривогаштани – Александар Богданоски

ИЕ5

1. Демир Хисар – Ненад Шундовски

2. Долнени – Сашко Велјановски

3. Крушево – Пеце Стојчески

4. Ресен – Кире Божиновски

5. Охрид – Сашо Донев

6. Дебарца – Златко Силјановски

7. Струга – Ален Деребан

8. Вевчани – Ѓорѓи Влајнкиноски

9. Дебар – Афет Амедоски

10. Центар Жупа – Денис Хасан

11. Маврово и Ростуше – Мевмед Џафери

12. Пласница – Луме Адемоглу

13. Боговиње – Алишериф Синани

Ниту денеска немаше одлука за тоа кој ќе биде прв човек на партијата во Прилеп и во Битола, големи центри и бастиони на ВМРО-ДПМНЕ, каде се очекуваат кадровски поместувања.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.