Тропскиот бран во април не е ништо во споредба со тоа што следува – какво лето ќе имаме

Високи температури го одбележаа април во Македонија, а судејќи по најавата на метеоролозите, се очекуваат температури над просекот во наредните месеци.

Во јули и август се очекуваат неколку топлотни бранови, што подразбираат премин на температурите од 35 степени Целзиусови. Како што наведува Ана Савовиќ од Републичкиот хидрометеоролошки завод во Србија, оваа година не нѐ очекува екстремно топло лето.

Според нејзините информации се очекува топло лето со повремени топлотни бранови, но не како оние во 2017 година кога имавме најтопло лето.

Осцилациите зависат од процесот во атмосферата, а практично цела Европа се наоѓа под топли струења кои доаѓаат од северот на Африка. Повремените освежувања и падот на температурите се можни под влијание на влажна воздушна маса од Атлантикот што носи и временски непогоди.

Она што ги загрижува експертите се висoките температури во континуитет изминативе неколку години.

Познатата американска приватна метеoролошка служба “AccuWeather” ја објави сезонската прогноза за Европа за ова лето.

Се очекува јуни да биде просечно топол и сув. Средната минимална температура ќе се движи околу 15,9 степени, а средната максимална температура околу 26,3 степени Целзиусови. Дождови ќе има под просекот, односно под границите на нормалата.

Метеоролозите најавуваат пеколен јули со топлотни бранови кои нема да им одговараат на многумина.

Просечната температура во јули ќе биде многу над просечната со средна минимална од околу 18,2 степени, а средна максимална температура 29,2 степени Целзиусови.

Според меторолозите, нѐ очекуваат топлотни бранови во јули, а дождовите ќе бидат во границите на просекот.

Август исто така нема да ни даде да се опуштиме и разладиме. Температурите ќе се движат од 28,6 степени Целзиусови.

Во април оваа година беа измерени температури од 29 степени иако просечната за овој месец изнесува 18 степени Целзиусови. Меѓутоа, тешко е вака рано да се заклучи дали постојат конкретни причина за грижа за претстојните летни денови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.