Тешка сообраќајка синоќа во Прилеп

Синоќа во 22 часот на улицата „Гоце Делчев“ се случила сообраќајна незгода помеѓу велосипед „Центурион“ управуван од 17 годишно момче од Прилеп, кој на велосипедот превезувал негов врсник, и патничко моторно возило „Пежо 206“ со скопски регистерски таблици управувано од А.К.(26) од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, а со телесни повреди се здобило и 17 годишникот што се превезувал на велосипедот.

На двајцата им е укажана лекарска помош во Градската болница во Прилеп. Извршен бил увид на местото на настанот, се работи на целосоно расчистување на случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.