ТРАНСФЕРОТ НА ЕДЕН АЗАР ВО РЕДОВИТЕ НА ШПАНСКИОТ ВЕЛИКАН Е ЗАВРШЕНА РАБОТА

Според информациите кои пристигнуваат од шпанските медиуми, Азар го договорил својот трансфер во Реал Мадрид, а зделката би требало да се комплетира во наредните неколку дена.

Иако Белгиецот во неколку наврати истакна дека е повеќе од среќен во редовите на лондонскиот тим, очигледно дошло до заситување и победила желбата за нов предизвик.

Реал за услугите на 27-годишниот фудбалер на Челзи ќе плати 180 милиони фунти, а ‘кралевите’ работата ја завршија пред носот на нивниот најголем ривал Барселона, од каде исто така постоел интерес за талентираниот фудбалер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.