Трамп: “Црногорците се силни, но би можеле да станат агресивни… И што тогаш?! Честитам, започнавме Трета светска војна !”

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека луѓето во Црна Гора се многу силни, но и многу агресивни.

Во интервју за “Фокс Њуз”, Трамп говореше за функционирањето и финансирањето на НАТО пактот. На прашањето, oд новинарот, зошто неговиот син би отишол да ја брани Црна Гора, Трамп рекол дека истото тоа го прашал на изминатиот НАТО самит.

“Црна Гора е мала држава со многи силни луѓе. Тие се многу снажни луѓе. Тие се многу агресивни, можат да станат агресивни и честитам – веќе сте во Трета светска војна”, рекол Трамп.

Трамп додал дека работите се така поставени, и потсетил дека тој само што дошол на функција, а притоа обезбеди дополнително финансирање за НАТО.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.