ТОА Е ФУДБАЛОТ: Германскиот гигант испадна од Првата лига, а навивачите на тренинг го приредија ова (ВИДЕО)

Хамбургер веќе неколку години никако мирно да ја заврши сезоната, на крајот веќе редовно се бори за опстанок во Бундеслигата. Така е и оваа година..

Сепак, клубот има поддршка!

Иако Хамбургер прв пат после основањето на Бундеслигата во 1963 година веројатно ќе испадне, на тренинг во очи на последното коло, дошле околу 2000 навивачи.

И тоа не оние кои во други краишта на светот би дошле да им се закануваат на играчите, туку вистински навивачи, кои и во најтешките моменти дошле да ги поддржат играчите.

Славниот клуб од Хамбург има навистина мали шанси за опстанок во елитниот ранг на германскиот фудбал. За да се избори за бараж дуел, потребно е Волфсбург да загуби на гостувањето кај Келн, а тие да ја победат Борусија Менхенгладбах на домашен терен.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.