Тие се најмладите прилепски рокери и веќе растураат, а во сабота со јака свирка ќе го прослават четвртиот роденден (ВИДЕО)

Рок групата The Schmucks овој викенд на втори декември во клубот ,,Калинка” ќе го прослават нивниот четврт роденден. Ќе понудат добрa атмосфера и добра забава. На роденденската забава ќе има и специјален гостин.

Формирани се 2019 година и од тогаш свират во повеќе локали во Прилеп и надвор од градот.

Thе Schmucks воглавно свират rock and roll музика од 50те, 60те години, но во репертоарот имаат и понови песни. Имаат издадено една авторска песна ,, Chaos” во 2022. Работат и на нови авторски песни, кои треба да бидат снимени во блиска иднина.

The Schmucks го сочинуваат: Дамјан Ристески – тапани, Филип Ристески – бас гитара, Кирил Трајкоски – ритам гитара, Андриано Чолаковски – бас гитара и Михаил Јагуриноски – вокал и главна гитара.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.