Тажна слика од редовите на Јувентус: Сите се тука само него го нема

Новиот голман на Јувентус Матиа Перин објави на Твитер една сосема обична фотографија која би можела да ги растажи навивачите на “старата дама”

Всушност, тој одлучи со фановите да сподели една фотографија од турнејата на старата дама во САД, а на истата тој е фотографиран со тројцата колеги голмани.

Секако, кога е во прашање голот на Јуве, навикнати сме помеѓу него да стои само еден човек во изминатите 17 години – Џианлуиџи Буфон. Но, очигледно дека времињата се променија, па ќе мораме да се навикнеме на Јуве без Буфон.

Само е прашање колку време ќе им треба на навивачите на Јуве да се помират со тој факт.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.