Стоилковиќ го праша јавно Заев: “На чија страна сте? Ги браните ли интересите на Македонија или на албанскиот шовинизам?”

“Бидејќи никој нема храброст да го праша претседателот на Владата за неговата политика и ставот на неговиот владин кабинет по однос најавеното учество на Македонија во создавање на “пактот против Србија” еве јавно го повикувам да одговори и ја информира македонската јавност во однос на оваа многу едноставно прашање:

“На чија страна сте Вие господине Заев и чии интереси браните и застапувате, на Република Македонија или на големоалбанскиот шовинизам, дали застапувате регионална соработка и стабилност или по теркот на фашистичкото минато ја впрегнувате Македонија во отворено непријателство кон српскиот народ и Србија?” – напиша Стоилковиќ на својот Фејсбук профил.

Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај за хрватскиот “Вечерњи лист” изјавил:

“Србија продолжува со агресивна кампања против Косово на меѓународен план. Таа исто така го минира процесот на нормализација. За да го заштитиме нашиот интерес, Владата на Косово одлучи да ги зголеми таксите. Новите мерки ќе бидат наскоро објавени”, рекол Хоџај за “Вечерњи лист”.

Тој изнесол тврдење дека “Србија не сака само да го дестабилизира Косово, туку и целиот регион”.

“Тоа му е на сите јасно. Кога не предизвикува криза со Косово, тогаш предизвикува со Хрватска или пак Македонија или Црна Гора. Србија има добри односи само со Република Српска и со никој друг. Зар тоа не е чудно? Во неколку наврати, за време на мојот престој во Хрватска, Македонија и Црна Гора, разговарав со челниците на тие држави да основаме еден пакт кој би се спротиставил на Србија во нивната агресивна политика”, рекол Хоџај.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.