Средби на градоначалникот на Прилеп со припаднички на понежниот пол по повод празникот 8-ми март

_MG_9424

По повод Меѓународниот ден на жената, празникот 8-ми март, градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, денеска оствари повеќе средби со припадничките на понежниот пол, на кои им го честиташе овој ден. Во зградата на Општина Прилеп, тој се сретна со советничките, раководителките на повеќе јавни претпријатија, директорки на училишта, како и членките на голем број здруженија на жени од градот Прилеп. Жените од Прилеп истакна дека се задоволни од нивното место што моментално го имаат во општеството.

_MG_9379

„Во името на сите советнички од Општина Прилеп, во оваа прилика би сакала да го честитам на сите жени, мајки баби, Меѓународниот ден на жената 8 –ми Март, да им посакам многу здравје и среќа и да кажеме дека секоја жена, заслужува внимание и почит не само на овој ден. Навистина можам да кажам дека досега сме доста почитувани, имаме голем број на жени кои се на убави функции. Жената кај нас е почитувана во општеството и тој тренд треба да оди и понатаму. Најважно од се е тоа што жената е и мајка и таа треба да биде почитувана во семејството бидејќи тоа го заслужува“, истакна Силвана Пашоска, советничка во Општина Прилеп.

„По повод Меѓународниот ден на жената 8-ми март локалната самоуправа на Општина Прилеп официјално ни го честита празникот. Жената знае да биде и мајка и лидер и водач и менаџер. Благодариме на поддршката која ни ја дава Општина Прилеп, жената е двигател во светот во кој живее и постои, а исто така е баланс помеѓу самото семејство и работата, вклучувајќи се на сите страни од општествениот живот“, кажа Марија Дулеска, директор на ООУ „Блаже Конески“.

_MG_9371

Во големата сала на Општина Прилеп градоначалникот, Марјан Ристески, традиционално се сретна со повеќе припаднички и членки на женските здруженија од градот.

_MG_9396

„Традиционално во пресрет на големиот празник, Меѓународниот ден на жената 8-ми март, ги повикуваме сите женски организации тука во собраниската сала на Општина Прилеп, им даваме по еден скромен подарок, едно цвеќе, да им го честитаме празникот 8-ми март, да им посакаме здравје, среќа, радост и уште поголем успех во  нивната работа. Големината на овие жени е огромна во однос на презентацијата на културата и традицијата на Прилеп во Македонија и секогаш имаат неизмерна поддршка од локалната самоуправа. Така било досега, така ќе биде и во иднина, се со цел промоција на жената и нашите традиции. Нека е честит и вековит празникот и им посакувам да имаат уште поголема и поуспешна презентација на Прилеп и Македонија“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

_MG_9416

Припадничките на женските невладини организации ја потенцираа одличната соработка и поддршка која постојано ја добиваат од локалната самоуправа на Прилеп.

„На сите жени им го честитам празникот 8-ми март, особено на членките на женските здруженија кои сме присутни тука денес во големата сала на Општина Прилеп. Искажувам голема благодарност до градоначалникот кој не прими денеска и секогаш не поддржува“, рече Лилјана Ацеска, член на Здружение на жени „Преродба“.

_MG_9353

„На сите жени од нашиот град им го честитам 8-ми март и голема благодарност до нашиот градоначалник кој во секоја прилика ни посветува големо внимание“, кажа Гордана Ѓорѓиоска, член на Здружение на жени „Орхидеја“

_MG_9357

„На сите жени им го честитам Меѓународниот ден на жената 8-ми март, им посакувам многу здравје, успех во работата, но најмногу сакам да посакам сите да бидеме искрени помеѓу себе и да се бориме за нашите идни моменти. Сите да бидеме единствени, здружени и сплотени за нашата иднина“, истакна Љубица Петреска, член на Здружение на жени „Мајка Традиција“.

_MG_9411

По повод Меѓународниот ден на жената градоначалникот Ристески ги посети и пензионерките во пензионерските клубови „Рид“ и „Спиро Забрчанец“, а оствари посета и на домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“.

„Традиционално во чест на жената дојдовме да ги посетиме повозрасните жени кои се сместени тука во домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“, а исто така се сретнавме и со корисничките и волонтерите во проектот „Супер Марио“ кој што функционира веќе 4 години. Во оваа прилика им го честитам празникот 8-ми март, им посакувам здравје, среќа, радост, да се гледаме само за убави работи и овој проект и понатаму да продолжи“, додаде Марјан Ристески, градоначалник на Општина Прилеп.

„По повод 8-ми март градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески, е во посета на домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“. При оваа посета имаме заедничко дружење со старите лица, корисниците на проектот „Супер Марио“, како и целиот колектив тука во нашиот дом. Од мое лично име и од името на колективот на Домот за стари лица сакам да го честитам 8-ми март на сите девојки, жени, мајки, баби. Чувствувајте се посебно, чувствувајте се единствено и прекрасно затоа што овој ден е различен од другите и затоа се вика празник на жената“, кажа Ирена Стерјоска, директор на домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“.

Учесничките и волонтерите во проектот „Супер Марио“ истакнаа дека се премногу задоволни од овој проект кој е направен според сите европски стандарди.

„Супер Марио функционира веќе 4 години, презадоволна сум од жената која доаѓа кај мене, секогаш ми помага, ми пазари и секогаш е тука за мене“, рече Пандора Ризеска, корисник на проектот „Супер Марио“.

„Во проектот сум вклучена веќе 4 години, тој проект вклучува носење на старите лица на лекар, плаќање на сметки, пазарење на се што им е потребно и слично. Старите лица се задоволни од проектот и сакаат тој да продолжи и понатаму“, вели Благица Андоноска, волонтер во проектот „Супер Марио“.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.