Со фуриозен старт и фокусираност во сите 60 минути, прилепчани се радуваа на нова победа на гости во Радовиш

Ракометарите на РК Прилеп забележаа уште една победа во плеј-аут сегментот на ракометната Супер лига, откако вечерва на гости триумфираа кај Радовиш со 17:19.

Прилепчани имаа фуриозен старт на натпреварот, но по почетните 0:6, радовишани се подразбудија и се вратија во натпреварот, па дури и успеаја да израмнат на 8:8 пред крајот на првиот дел.

Но, избраниците на Реваз Чантурија не дозволија промена на резултатот во корист на домаќините, па продолжија во добар ритам до крајот на натпреварот.

Радовиш во неколку наврати во второто полувреме доаѓаше на гол разлика, но никако не успеваа да го скршат духот на гостите за кои само триумф беше успех од овој натпревар.

Во екипата на РК Прилеп најуспешен беше Давор Шокоски со 6 погодоци, додека Христи Бикоски постигна 4.

Со овој триумф Прилеп сега има 17 бодови на третото место од табелата, а веќе во среда ќе го дочекаат тимот на РК Скопје, кој го предводи прилепскиот стратег Горан Кузманоски – Таста.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.