Со несекојдневен спортски настан во центарот на Прилеп одбележан Светскиот ден на пинг-понгот (ФОТО/ВИДЕО)

dav

Пингпонгарската федерација на Македонија заедно со пингпонгарскиот клуб „Младост 96“ од Прилеп денеска на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ со пригодна свеченост и демонстрација на овој спорт го одбележаа Светскиот ден на пинг понгот. Оваа манифестација за прв пат се организира во Македонија. Настанот беше посетен од учениците од основните училишта во градот.

„Ние не случајно како пингпонгарска федерација на Македонија го одбравме Прилеп за одржување на овој настан бидејќи Прилеп важи за град на пинг понгот. Организатор на ова е Светската пингпонгарска федерација ITTF, каде ние сме пријавени за учество на овие настани и нашето знаме стои на официјалниот сајт на Федерацијата. Ние сме должни од денешниот настан да испратиме видео материјали и тие видео материјали ќе бидат прикачени на сајтот на Федерацијата. Се надевам дека ова ќе прерасне во традиција и дека од в година не само во Прилеп туку и во другите градови ќе се одбележува Светскиот ден на пинг понгот“, изјави Златко Рикалоски, потпретседател на пинг понг Федерација на Македонија.

Домаќин и еден од организаторите на манифестацијата беше и пингпонгарскиот клуб „Младост 96“ од Прилеп.

dav

„Денеска е светскиот ден на пинг понгот и на нас како клуб „Младост 96“ ни претставува особено чест и задоволство што сме одбрани да бидеме домаќини да го одбележиме Светскиот ден на пинг понгот. Ова е втора манифестација која ја организираме во рок од неколку дена. Во неделата успешно го реализиравме и организиравме државното младинско првенство во пинг понг“, изјави Марјан Матракоски, претседател на пингпонгарскиот клуб „Младост 96“.

dav

Пинг понгот како спорт е доста атрактивен во Прилеп и со него се занимаваат голем број на млади.

„Играм пинг понг од свои 3 години, многу го сакам и имам освоено голем број на награди. Од нив една ми е особено важна четворократен првак помеѓу факултети во Скопје. Им препорачувам на сите млади да се занимаваат со овој спорт“, истакна Антонио Стомнароски, член на ППК „Младост 96“

dav

Пингпонгарскиот клуб „Младост 96“ од 1 март започна и со организирање на
пингпонгарска школа и ги поканија сите оние дечиња на возраст од 5 до 12 години кои сакаат да се занимаваат со овој спорт да се пријават во клубот.

dav

dav




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.